1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се појави нов птичји грип

Маркус Римеле / Елизабета М. Фиданоска3 април 2013

Десет години по птичјиот грип предизвикан од вирусот Х5Н1, во Кина се шири нов вирус на птичји грип. Седум лица се инфицирани со вирусот Х7Н9, а од нив тројца починаа. Вакцина засега нема.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Кина расте бројот на инфицирани со новиот вирус на птичји грип Х7Н9. Во меѓувреме инфицирани се седум лица, од кои тројца починаа. Само вчеравечер (02.04) беа обелоденети четири нови случаи во источнокинеската провинција Џиансу, во близина на Шангај. Пациентите се на возраст од 32 до 83 години и се во критична состојба, соопштија локалните власти. Симптомите на болеста се висока температура и кашлање, по што следува тешко воспаление на белите дробови и проблеми со дишењето.

Властите во Шангај ги ставија болниците во состојба на готовност и ги зајакнаа јавните мерки за хигиена. Наредба за зголемена претпазливост е издадена и во Хонгконг и Пекинг. Светската здравствена организација внимателно ја следи  ситуацијата. Засега нема знаци за пренос на вирусот од човек на човек. Меѓутоа, се‘ уште не е јасно каде и како се инфицирале заболените. Само една пациентка била во редовен контакт со птици.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Вирусот Х7Н9 досега беше присутен само кај птиците. Вакцина против него се‘ уште нема. Птичјиот грип ги погаѓа пред се‘ птиците, но во некои случаи може да се префрли и на човек. Постои опасност од мутирање на вирусот, кој потоа би можел да се шири од човек на човек. Од вирусот на птичји грип Х5Н1 во 2003 година, според податоци на СЗО, починаа 371 лице.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми