Се предаде грабнувачот на турскиот авион
11 април 2007Реклама
Лицето кое грабна турски патнички авион синоќа им се предаде на властите. Мажот претходно се закануваше дека ќе активира експлозив ако пилотот не го пренасочи летот за Иран, Авионот беше на приватната компанија Пегасус и леташе од претежно курдскиот град Дијарбакир кон Истанбул. Имало 175 патника, но никој не е повреден во инцидентот.