1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се разведрува хоризонтот за СПД

8 август 2005

За најголемиот дел од германските социјалдемократи предвремените парламентарни избори однапред беа речиси загубени. Но, расположението во земјата се менува во полза на СПД: на шест недели до изборите анкетите покажуваат дека работите веќе не изгледаат толку лошо, партијата шири оптимизам, а демохристијанската опозиција прави грешки. Дали е голема коалиција на двете водечки партии вистинското решение з

Претседателот на СПД Франц Минтеферинг и канцеларот Герхард Шредер
Претседателот на СПД Франц Минтеферинг и канцеларот Герхард ШредерФотографија: AP

� Германија?

„Ќе биде тешко, секако. Но, ние имавме слична ситуација и во 2002-ра година, со нешто поконформна предност што требаше да се анулира. Тогаш победивме со решителност, со аргументација и со борба, зашто предизборната борба не случајно се вика така. Тоа сакаме да го правиме - јасно, цврсто, но во секој случај фер“ – рече од многумина веќе отпишаниот канцелар Герхард Шредер во интервју за Првата програма на германскта телевизија.

СПД профитира од сопнувањето на ЦДУ - Христијанско-демократската унија. Нејзиниот кандидат за канцелар Ангела Меркел направи две вербални промашувања мешајќи нето и бруто изсноси, па киксот на покраинскиот министер за внатрешни работи на Бранденбург Герг Шенбом кој ги искара источните Германци, а и на многумина им стана јасно дека со влада предводена од партиите на унијата ЦДУ/ЦСУ ќе има уште повеќе кратења, отколку со црвено-зелените. Но, СПД уште е под 30 проценти во анкетите. Намалувањето на предноста на црно-жолтите се должи на слабоста на либералите, но и на 11 до 12 проценти, колку во моментов привлекува новата Левичарска партија на Оскар Лафонтен и Грегор Гизи. Многу се шпекулира околу можна црвено-црвено-зелена коалиција, неа јавно ја уфрлија во игра како можна опција и градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт, па сепак, канцеларот Шредер во телевизиското интервју уште еднаш со сета јасност отфрли коалиција со Левичарската партија: „Раководството на СПД - не само јас и Франц Минтеферинг - целокупното раководство има јасен став. Од содржински причини, а и затоа што станува збор за лица кои не сакаат или не можат да понесат одговорност, нема никаква соработка во каков и да е вид“.

Но, затоа пак, се чини дека многумина социјалдемократи, спротивно од партиите на Унијата, се помирија со можноста за голема коалиција. Сојузниот министер за финансии Ајхел вели дека принципиелно сите демократски партии мораат да бидат способни да коалицираат, а за министерот за стопанство Клемент голема коалиција не е грев, туку демократски пат кој отвора шанси. Подобро речено, пат на каков и да е начин да се остане на власт. Партискиот шеф на социјалдемократите Франц Минтеферинг не сака да чуе за такви шпекулации: „Имаме уште седум минути игра и мораме во тие минути да постигнеме два гола. Сосем греши кој сега почнува да зборува со кого ќе оди на туширање по натпреварот или кој ќе биде во тимот наредниот пат. Сега е предизборна борба, драги другари!“.

Канцеларот ни во предизборната борба не отстапува од својата Агенда 2010 и реформите на пазарот на работна сила: таа, и покрај 4,7 милиони невработени, е вистинскиот пат. „Не верувам дека во толку кратко време може да се доведе в ред пазарот на работна сила. 16 години пред нашето време ништо не се случи, додека други земји, како скандинавските на пример, ги спроведоа неопходните реформи во 90-тите години и сега жнеат успеси. За тоа е потребно време. Јас и од искуство станав многу претпазлив што се однесува до прогнози“ – рече Шредер.

Тоа е вистина: кога во 1998-ма година стапуваше на должност, Шредер вети дека ќе ја преполови невработеноста во Германија. Таа реченица го товари како проклетство. Се чини дека од тоа поука извлече и Ангела Меркел – таа не се произнесува категорично и неодамна многу јасно рече дека нема да наведува никакви бројки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми