Се самоуби главниот осомничен за масовното силување во Индија
11 март 2013Главниот осомничен, инаку возач на ватобусот во кој беше извршено масовното силување на 16 декември 2012 година, се обесил со ќебе во својата ќелија во затворот Тихар во Њу Делхи, соопшти портпарол на затворот. Наредена е истрага за околностите на смртта, поради тоа што тој во ќелијата бил заедно со уште тројца затвореници кои не се поврзани со случајот на силување. Обдукцијата треба да разјасни дали во бесењето учествувал уште некој, рече портпаролот.
Осомничениот го возел автобусот во кој беше силувана 23-годишната студентка. Шестемина силувачи по измачувањето и силувањето ја исфрлиле девојката од автобусот. Две недели подоцна студентката почина во болница. Возачот, поради тоа што идејата за силување била негова, важеше за главен осомничен. Сите полнолетни лица кои учествувале во силувањето се соочени со смртна казна, а еден осомничен малолетник одговраа пред суд за малолетници.
Бруталното силување предизвика огорченост ширум светот. Во Индија е покрената широка дискусија околу безбедноста на жените во јавноста. По случајот со студентката во земјата се отворени неколку судови кои по брза постапка ќе решаваат случаи на силување жени.