Се слави заштитникот на лозјата
14 февруари 2010Се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. Празникот традиционално го одбележуваат лозарите, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Свети Трифун, заштитникот на лозјата, традиционално со големи веселби се одбележува во Тиквешијата, каде што вљубениците на доброто вино имаат можност да го вкусат пијалокот на боговите.
На 14 февруари, годинава, се прославува и празникот Прочка ден пред светиот Велигденски пост. На овој ден верниците си проштеваат што значи дека секој треба да се преиспита дали во изминатиот период навредил некого со помисла, збор или дело и за тоа искрено да се покае на овој ден. Барањето „прочка“ значи јавно да се признае делото и да се побара простување, но истовремено да се биде подготвен и на тој што згрешил целосно да му се прости.
Автор: ЕМФ/БГ/миа