1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се состана македонско-грчкиот комитет за учебниците

ЕМФ
3 ноември 2018

Во Атина се состана македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања.

Klassenzimmer einer Schule
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Ending

Средбата на македонските и грчките експерти кои се дел од Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања (ЈИЦЕ), се одржа вчера во главниот град на Грција, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Во кусото соопштение се вели дека средбата се одржала во „пријателска атмосфера, во согласност со духот и принципите на Преспанскиот договор“. Според грчкото МНР, „двете страни ги усвоиле правилата на процедурата на ЈИЦЕ и постигнале согласност за динамиката на идните средби“.

„Заедничка беше одлуката да се работи на елиминација на одредени референци во учебниците кои ги имаше во минатото, согласно членот 8 од Преспанскиот договор“, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Во Договорот од Преспа е предвидено министерствата за надворешни работи на Македонија и Грција да ја надгледуваат работата на Заедничкиот интердисциплинарен комитет, во соработка со други државни власти

„Комитетот ќе разгледа и доколу утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали, како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. За оваа цел, комитетот ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањето на оваа Спогодба не содржи какви било иредентистички-ревизионистички упатувања“, се вели меѓу другото за работата на Комитетот во Договорот од Преспа.

Со проблемот на учебниците, а во рамки на нашиот проект #dw_BalkanBooster, се занимаваа и македонската и грчката новинарка,Кристина Озимец и Алексика Калаиѕи. Еве го нивното видео на оваа тема:

#dw_BalkanBooster: Ревизија на учебниците?

02:50

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми