Катастрофи
Се урива мостот во Џенова
8 февруари 2019Реклама
Во несреќата загинаа 43, а повредени беа десетици лица. Жителите во околината на мостот мораа да ги напуштат домовите поради опасност од натамошно уривање. Експертите по несреќата соопштија дека тоа се случило поради градежни недостатоци на мостот. Мостот би требало да биде заменет со нов до крајот на 2019 година. Познатиот италијански архитект Ренцо Пиано се понуди да се грижи за проектот бесплатно.