1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Сеурнаа две згради среде Марсеј

5 ноември 2018

По уривањето на две згради во центарот на Марсеј пожарникарите бараат евентуално затрупани лица, во несреќата се повредени двајца минувачи.

Marseille Gebäude eingestürzt
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Julien

Очевидци велат дека одеднаш се слушнал силен крах, а потоа двете згради во центарот на градот целосно се урнале. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по евентуално затрупани лица. Двата соседни објекти се превентивно евакуирани, десетици станари мораа да ги напуштат домовите.

Несреќата се случила недалеку од старото пристаниште, омилено одредиште кај туристите и мештаните. Од двете згради останал само шут. Претставник на градската управа изјави дека едната од зградите веќе била испразнета од безбедносни причини, но не е исклучено во соседната да престојувале луѓе.

Еден станар од соседството тврди дека во празната куќа, стара речиси 200 години, повремено се засолнувале сиромашни луѓе.

Се урнаа две згради среде Марсеј

00:53

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми