Се чека одлуката за новиот сопственик на ТЕЦ Неготино
31 јули 2007Реклама
Македонската влада денеска треба да соопшти кој ќе биде идниот сопственик на ТЕЦ Неготино. Во тесна битка за купување се две компании, грчко -американската Сенкап и конзорциумот Хач и Мекдоналдс. Сенкап за неготинската термоелектрана понуди 68 милиони евра и изградба на централа со моќност од 600 мегавати, а канадско-американскиот конзорциум Хач понуди 61,7 милиони евра и изградба на централа која би работела на јаглен, мазут или на гас.