1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО загрижена од зголемениот број новоинфицирани во Европа

ЖА / агенции
25 јуни 2020

Со оглед на порастот на случаи на коронавирус во Европа, СЗО предупреди од постоење немарност во сузбивањето на пандемијата. И германскиот министер за здравство апелира да се почитуваат правилата

Deutschland Verl | Tönnies | Corona-Ausbruch
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Interlied

„Минатата недела првпат по месеци во Европа е регистрирано зголемување на неделните бројки на новозаразени", изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге денеска на прес-конференција во Копенхаген. Во изминатите две недели дури 30 европски земји пријавиле растечки броеви на новоинфицирани.

„Во единаесет од овие земји забрзувањето на пренесувањето е толкаво, што доколку не биде ставено под контрола, повторно ќе ги стави здравствените системи на работ на амбис", предупреди Клуге, но не ги кажа конкретните држави и националните бројки.

Според СЗО, моментно во Европа дневно се регистрираат речиси 20.000 нови случаи на коронавирус и преку 700 смртни случаи.

Повеќе:

Студија: Речиси половина жители на Ишгл инфицирани со коронавирус

Аеродромите се отвораат, летови засега нема

Случај Ѓоковиќ: Колку може да се биде глупав?

Случај „Тенис“ во Германија: 650.000 луѓе назад во карантин

Во Германија последниве седум денови има меѓу 500 и 700 новозаразени лица. Како што информира Институтот Роберт Кох, досега во Германија по инфекција со коронавирус починале 8927 пациенти. Посебно голем број новоинфицирани во Германија се регистрирани во кланицата „Тенис" во округот Гитерсло, каде е повторно воведен карантин со бројни ограничувања на јавниот живот.

Од овие причини, и германскиот министер за здравство Јенс Шпан предупреди на внимателност: „Онаму каде му го олеснуваме ширењето на вирусот, каде не се почитуваат стандардите за држење физичка дистанца и хигиенските правила, инфекцијата се шири прилично брзо. Важно е да бидеме свесни: вирусот е тука и летово.“

Фотографија: Bela Macka

Но, Германија, исто како и Полска, Шпанија и Израел заслужуваат пофалби според Клуге. Во изминатите денови овие држави реагирааа исклучително брзо на избувнувањето нови жаришта во училишта, рудници и производствени погони и преку итна и целна интервенција ги ставија под контрола, истакна регионалниот директор на СЗО. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми