1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО предупредува од нов бран на пандемијата во Европа

СН/агенции
1 јули 2021

СЗО апелира за континуирана претпазливост во пандемијата и предупредува на ризик од нов корона-бран во Европа. По десет недели опаѓање, бројот на нови случаи повторно се зголемил за 10 проценти во изминатата недела.

Albanien WHO Unterstützung Coronakrise Dr. Hans Kluge
Фотографија: Albania Ministry of Health and Social Protection

Десетнеделното континуирано опаѓање на бројките на нови инфекции со коронавирусот низ цела Европа заврши и неизбежен е нов бран на пандемијата доколку граѓаните и законодавците не останат дисциплинирани, порача шефот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на денешниот брифинг со новинарите. 

„Во минатата недела, бројот на нови случаи се зголеми за 10 отсто поради зголемено мешање на луѓето, патувањата, собирите и по олеснувањата на социјалните ограничувања, рече Клуге.

„Ова се случува во контекст на една брзо развивачка ситуација. Новата варијанта Делта предизвикува загриженост и во регион каде што и покрај огромните напори на земјите членки, милиони луѓе не се вакцинирани“, вели тој.

Повеќе:

-Половина година корона-вакцини: европски биланс

-Последен круг против коронавирусот во Европа

-Коронавирус: Европа ги прави првите чекори кон нормалност

„Ќе има нов бран во европскиот регион на СЗО доколку не останеме дисциплинирани“, додаде Клуге.

Земји како Португалија и Велика Британија во моментов се борат со зголемување на бројот на нови инфекции со коронавирусот. Ваквиот развој се припишува во прв ред на ширењето на многу заразната варијанта на коронавирусот- Делта. Во Германија, бројот на случаи на Ковид-19 пак продолжува да опаѓа.  Сепак, процентот на сојот Делта кај новозаразените исто така рапидно се зголемува и во оваа земја.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми