1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Како да се подготвам во случај на пандемија?

Александер Фројнд
11 март 2020

Причина за паника поради пандемија на коронавирусот Ковид-19 нема. Сепак, претстојниот период би требало смислено да се искористи - во случај до неа навистина да дојде.

Italien - Casalpusterlengo - Coronavirus
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/LaPresse/C. Furlan

Новиоткоронавирус САРС-КоВ-2 е глобален предизвик, кој од секој поединец бара одговорно однесување.

Секој граѓанин одделно, но и фирмите, институциите и организациите можат да преземат мерки за подобра заштита од вирусот и за да бидат спремни доколку дојде до пандемија.

Подготовките за пандемија се концентрирани во три области:

-Целта е да се заразат што помалку луѓе; 

-Приватните домаќинства би требало во случај на опасност да ги имаат подготвено сите работи неопходни за живот; 

-Би требало да се намалат или по можност да се спречат поголеми општествени ограничувања или попречувања; 

Што може да преземе секој поединец?

Кои конкретни мерки ме штитат мене и другите од инфекција?

-Држете доволно растојание од заболени (еден до два метри); 

-Мијте ги рацетe редовно и темелно (најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб); 

-Избегнувајте ракување и прегрнување; 

-Развијте рефлекс на самозаштита: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката; 

-Избегнувајте места на кои има многу луѓе и јавни собири, одредете свои приоритети; 

-Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството; 

-Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот; 

-По потреба ставете ракавици, перете ги или менувајте ги секојдневно; 

-Немојте да кашлате во дланката, туку во внатрешната страна на лактот; 

-Брзо отстранете ги употребените хартиени марамчиња; 

-Заштитните маски им пружаат слаба заштита на здрави лица. Со дишење, маските се навлажнуваат и по дваесет минути заштитната бариера го губи дејството. Затоа маски би требало да користи само медицинскиот персонал; 

Заштитните маски би требало да ги користи само медицинскиот персоналФотографија: Getty Images/AFP/A. Pizzoli

 

Дали е доволно прекинување на синџирот на инфекција?

Коронавирусот се пренесува преку капки. Вирусот се размножува во грлото. Оттаму патогенот може полесно да се исфрли отколку од белите дробови – со кивање, кашлање или секнење на носот. Со тоа САРС-КоВ-2 може да стигне на површина, од каде пак преку рацете доаѓа до слузницата и ги заразува другите

Како можам да се подготвам за пандемија?

Во случај на големо ширење на заразата, многу веројатно би дошло до големи ограничувања и проблеми со снабдување. Подгответе се‘ што е потребно ако бидете принудени неколку недели да останете дома

-Ако користите лекови за кои е потребен рецепт, погрижете се да ги имате доволно за цел месец; 

-Набавете доволно животни продукти кои не се расипуваат лесно; 

-Навреме размислете како можете да ги заштитите пријателите и роднините. На ваша помош се посебно упатени постари и болни лица со ослабен имунолошки систем; 

-Навреме разгледајте ја можноста за грижа за болни деца; 

-Направете план за грижа за болни членови на семејството, а притоа да не се заразите и сами. 

Спремна ли е Германија да спречи епидемија од коронавирус?

02:22

This browser does not support the video element.

Како можам да ѝ помогнам на заедницата?

Колку повеќе луѓе се потрудат околу подготовките, толку посилно ќе биде чувството на заедништво. Помогнете да се организира заедничка помош!

По успешно прележаната болест се станува имун на патогенот. Во тој случај лицето може да го напушти станот и да се пријави како волонтер за да им помогне на други луѓе, на пример во купување

Што можат да направат работодавачите?

-Можат да разгледаат можност за работа од дома или на далечина, посебно, ако е тоа можно, болните или загрозени соработници би требало да имаат можност да работат од дома; 

-Соработниците со акутни симптоми на болест на дишните патишта (на пример кашлица или тешко дишење) или оние кои ќе се разболат во текот на денот, веднаш би требало да бидат одвоени од останатите вработени и испратени дома; 

-Фирмите би требало да се погрижат за свеж воздух на работното место, во тоа спаѓа и замена на филтри на системите за вентилација; 

-Би требало да се овозможат средства за хигиена на раце – сапун, хартиени шамичиња, но и шамичиња или спреј за чистење компјутерски тастатури; 

-Да се погрижат за редовно чистење на површините во фирмата и опкружувањето; 

-Вработените кои се чувствуваат добро, но дома имаат член на семејството заразен со коронавирус за тоа би требало да го известат својот претпоставен; 

-Раководителите би требало да ги утврдат местата со посебна важност во работниот процес и за нив навремено да обезбедат замена. Во тој случај изостанувањето на една личност не би го загрозило функционирањето на цел колектив. 

Што е со службените и останати патувања?

-Работодавачот и вработените би требало да ги проучат најновите укажувања и препораки за секоја дестинација; 

-Фирмите би требало да ги советуваат своите вработени пред тргнување на пат да извршат лекарски преглед за да се утврди евентуално постоење симптоми на акутна болест на дишните патишта. Ако ги има, тогаш е важно да се остане дома; 

-Оној кој ќе се разболи на пат, за тоа треба веднаш да го извести својот шеф. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми