1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО против Гилиад: Спор околу ефективноста на ремдесивир

БГ /РТР
16 октомври 2020

Компанијата која го произведува антивиралниот лек ремдесивир ги отфрла клиничките тестови на Светската здравствена организација кои покажаа дека лекот нема ефект во борбата против коронавирусот.

Covid-19 | Remdesivir
Фотографија: Amr Abdallah Dalsh/Reuters

Еден дек откако беа објавени резултатите од клиничките тестови на СЗО кои покажуваат дека лекот ремдесивир има многу мали или никакви ефекти во лекувањето од Ковид-19, американската компанија Гилиад, која го произведува лекот, ги оспори ваквите наоди. Според Гилиад, тестовите биле неконзистентни со доказите од други студии кои покажувале дека ремдесивир, со кој се лекуваше и претседателот на САД Доналд Трамп, има позитивни ефекти.

„Загрижени сме дека податоците од оваа глобална студија не минале низ ригорозна проверка која е потребна за конструктивна научна дискусија“, соопшти Гилиад.

Но независниот експерт на СЗО Ричард Пето, кој ги анализирал резултатите од студијата, ги отфрли критиките од Гилиад.

„Резултатот е сигурен, не дозволувајте никој да ви каже поинаку, затоа што ќе се обидат да го сторат тоа. Ова е вистински светски доказ“, изјави Пето.

Студијата на СЗО беше спроведена врз 11,266 возрасни пациенти во 30 држави и покажа дека ремдесивир нема никаков или многу мал ефект врз преживувањето на луѓето или врз должината на болничкиот престој на заболените.

Се очекува дека ваквиот исход ќе го смени фокусот во третманот од антивирусни лекови како ремдесивир кон моноклонални антитела кои СЗО се уште ги испитува.

Гилиад, која почна да го произведува ремдесивир најпрво како неуспешен лек против Ебола, тврди дека помалите тестови покажале дека болничкиот третман на пациентите се намалил за пет дена со користење на нивниот лек и бил намален ризикот од смрт кај пациентите кои биле ставени на кислородна поддршка.

Експертот Пето, кој е професор на Универзитетот Кембриџ, вели дека она што го покажале помалите тестови би можело да биде „случајност“.
И други лекови кои СЗО ги тестирала ширум светот не покажале ефекти во лекувањето од коронавирусот. Такви се хидроксихлорокинот, анти-ХИВ комбинацијата на лопинавир/ритонавир и интерферон. 
Европската унија, која претходно нарача ремдесивир во вредност од над 1 милијарда евра, сега размислува како да ја откаже или промени нарачката. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми