1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Сигурни само на хартија“

Обработка: А.Трајковска (ФАЦ; ТАЦ)2 мај 2014

Германските весници имаат поделен став околу одлуката на владата во Берлин земјите Македонија, Србија и Босна и Херцеговина да се третираат како „сигурни земји на потекло“ и со тоа да се запре бранот барања за азил.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Сигурни само на хартија“ е насловен коментарот во „ТАЦ“ посветен на одлуката на германската влада - Македонија, Србија и Босна и Херцеговина да ги прогласи за „сигурни земји на потекло“ и со тоа да ја скрати постапката за барателите на азил од овие земји.

„Во визирот се земјите од Западниот Балкан. Тие со закон треба да бидат дефинирани како 'сигурни земји на потекло' - потоа барањата за азил се речиси невозможни, а Германија ќе заштеди на опсежните проверки во поединечни случаи.

Ако ова помине без приговор, Унијата ќе се чувствува охрабрена, постојано да ја проширува листата, сѐ додека на крајот не останат некои посебно лоши диктатури и да се камшикува по нивните повреди на човековите права во Берлин ќе се смета за политички опортуно. Кој доаѓа од друго место и е прогонуван - негова несреќа.

Но, тоа не е единствениот проблем на оваа реформа. Вистина е: државно политичко прогонување во потесна смисла на зборот и во голем стил, на Западниот Балкан веќе нема. Состојбата за Ромите таму е сепак катастрофална. Законодавството на ЕУ и тоа како дозволува едно вакво заемно делување на опасности заканувачки по егзистенцијата да се третира како релевантно за азил. Ова да се искористи великодушно, на Германија, со оглед на нејзината историја, добро би ѝ стоело.

Прогонувањето на Ромите во Источна Европа не мора секогаш да било иницирано од државата. Но државата тоа го толерира со сигурност. По Антиромските погроми полицијата не презема ништо против сторителите, Ромите имаат мал пристап до образовниот и здравствениот систем. Затоа нивните деца умираат двојно почесто, а старите, десет години порано од остатокот од населението. И речиси насекаде се води изборна кампања со омраза кон Ромите. Ако Германија сега со закон ги класифицира овие земји како сигурни за Ромите, тогаш пораката е: Слободно продолжете да ги третирате Ромите како ѓубре - нам ни е сеедно“, коментира „ТАЦ“.

Коментаторот во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ е на спротивно мислење за законот, кој предвидува трите балкански држави да се сметаат за „сигурни земји на потекло“:

„Само навидум немилосрдно звучи предлог законот од Министерството за внатрешни работи (...) Реално германската влада создава капацитети за вистински прогонуваните, на пример за бегалците од земјата погодена од граѓанска војна Сирија. Тоа што министерот за внатрешни работи не е импониран од очекуваната критика на организациите за бегалци е правилно: (...) таму има економски потешкотии, но нема политичко прогонување, измачување или своеволно насилство. Македонија е канидат за пристап во ЕУ од 2005, Србија од 2012 и исто така и Босна има европска перспектива. За време на делумно долгогодишните проверки за азил луѓето тука живеат во прифатилишта и мораат да бидат згрижени. Најлукавите од нив пронаоѓаат пат да останат и покрај тоа што барањето за азил било одбиено. Подобро е меѓутоа со пристапна помош, каква што плаќа ЕУ, да се подобрат стопанските изгледи во татковината. Недостигот на благосостојба на маргините на ЕУ останува голем, но германското право за азил не може да биде решение за тоа“, коментира „ФАЦ“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми