Силен земјотрес во Егејското море – нема жртви
23 септември 2007Реклама
Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во близина на островот Карпатос во југоисточниот дел на Егејското море. Жителите на островот ги напуштиле домовите по потресот, но не се регистрирани жртви или материјална штета. Епицентарот бил 400 километри јужно од Атина.