Силен земјотрес во Иран
22 февруари 2005
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, бил во блиѕина на градот Заран, во провинцијата Керман, околу 700 километсри југоисточно од Техеран.
,, Според последните податоци, загинати се 80 , а повредени над 300 лица, изјави портпаролот на иранското министерство за внатрешни работи. ,,Очекуваме бројот на жртвите да расте“, додаде деканот на медицинскиот факултер во Керман, а локалните радија веќе јавија за стотина загинати и дури 5000 повредени лица од земјотресот , што настапил во 5 часот и 55 минути утрината.
Според властите во земјата, предизвикана е голема материјална штета, но сепак, не може да се спореди со земјотресот од пред две години, што целосно го покоси градот Бам и околината од истата провинција однесе 31 илјада животи. Како што посочија владини претставници, уништена е 20 до 70 % од инфраструктурата во погодените села. Земјотресот, поради се уште свежите сеќавања, предиѕвика голрема паника меѓу локалното население. Спасувачки екипи веќе се на теренот, а според гувернерот на провинцијата Керман, али Арими, нема потреба од доплонителна помош.