1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ФотоНаДенот: Силен земјотрес го потресе Загреб

БГ /АФП
22 март 2020

Земјотресот од 5,3 степени кој утрово го потресе Загреб и цела Хрватска предизвика голема штета и паника меѓу граѓаните. Едно 15-годишно девојче е во критична состојба, граѓаните се во паника.

Kroatien Zagreb Erdbeben
Фотографија: picture-alliance/AP/D. Bandic

Силен земјотрес од 5,3 степени придружен со уште три помали го погоди хрватскиот главен град рано утрово. Ударот предизвика голема материјална штета во градот. Многу згради се оштетени, а низ улиците можат да се видат делови од ѕидови и фасади. Оштетена е и катедралата во центарот на градот откако колабираше една од двете кули. Катедралата беше реновирана откако беше тешко оштетена во последниот голем земјотрес во градот во 1880 година.
Иако најпрво се прошири веста дека 15-годишно девојче го загубило животот, информацијата е во меѓувреме повлечена, но детето и натаму е во критична состојба. Засега нема точни информации за други повредени.

Фотографија: AFP/D. Lovrovic

Кризата со коронавирусот дополнително го компликува обидот на надлежните да реагираат и да им помогнат на граѓаните. Најгопемиот дел од жителите утрово истрчаа надвор од своите домови, но властите апелираат да се обидат барем да не контактираат меѓусебно за да се спречи ширењето на епидемијата. Уште еден проблем е наглото заладување кое ги спушти температурите многу блиску до нулата.

Фотографија: Getty Images/AFP/D. Lovrovic


И премиерот Андреј Пленковиќ предмалку им порача на граѓаните дека мерките за заштита од земјотрес и од коронавирус се меѓусебно контрадикторни, но моли за почитување на мерките за заштита од вирусот, кои во моментов имаат предност. Во Хрватска досега се регистрирани над 100 случаи на заболени од коронавирус.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми