1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес и цунами во Јапонија

11 март 2011

Силен земјотрес утринава погоди големи делови од Јапонија. Според последните информации земјотресот достигнал интензитет од 8,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал околу 400 км североисточно од Токио.

Фотографија: dapd

Разурнувачки цунами бранови со висина од 10 метри го погодиле пристаништето во градот Сендаи на источниот брег на Јапонија. Телевизиските снимки прикажаа превртени бродови и автомобили во градот кој се наоѓа на околу 130 километри од епицентарот на потресот. Тревога од високите цунами бранови во меѓувреме е издадена и за повеќе околни држави. Во Токио зградите се тресеа неколку минути, а избувнаа и пожари на повеќе локации. Агенциите јавуваат за десетици повредени лица ширум земјата, но и за луѓе заробени под урнатините предизвикани од потресот.

Епицентарот на земјотресот пред брегот на Јапонија

Јапонската влада одржа кризна седница, а по неа премиерот Наото Кан изјави дека нема опасност од истекување на радиоактивни материи од нуклеарните централи во земјата кои во меѓувреме се затворени. Истотака и повеќе аеродроми во земјата се затворени, а во делумно е прекинат и железничкиот и патничкиот сообраќај.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во првичната реакција истакна дека е потресен од вестите за катастрофалните размери на земјотресот во Јапонија и понуди помош од Германија.

Автор: СН/ дпа/ ртре

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми