1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен знак на германските муслимани

Бетина Маркс Превод: А.Трајковска 20 септември 2014

Денот на акција на германските муслимани против омразата и неправедноста е силен знак за толеранцијата. Немуслиманското општество би требало да ја прифати подадената рака, смета Бетина Маркс.

Фотографија: Max Zander

Во Сирија и во Ирак терористичките милиции на Исламската држава продираат незадржливо. Убивајќи, ограбувајќи и палејќи тие заземаат село по село, го измачуваат и понижуваат населението и десетици илјади принудуваат на бегство. Истовремено муслиманите во Германија го подигаат својот глас против омразата и неправдата. Тие со тоа јасно се дистанцираат од екстремистите, кои во име на религијата на Блискиот Исток воспоставуваат беспримерен терористички режим. Терористички режим во кој во прва линија жртви се муслиманите.

Дистанцирање од екстермистите

Германските муслимани со овој Ден на акција се оградија од најмалу 400 браќа по вера кои од Германија тргнаа во оваа граѓанска војна, за да учествуваат во страшната борба. Тоа се млади жени и мажи, кои се радикализирани преку интернет или ним им се обратиле проповедниците на омраза, кои агираат на маргините на муслимаското општество во Германија. Тие по правило не припаѓаат на околу 2000 верски заедници, кои се обединети во четири големи исламски здруженија во Германија. Поголемиот дел од германските муслимани, кои имаат уреден граѓански живот, не се одговорни за погрешниот пат на малкумина заслепени, кои ги следат проповедниците на омраза и се подготвени да го стават на коцка сопствениот живот за да се спроведе нивната насилна претстава за чист ислам.

Затоа е добро што исламските сојузи со нивниот Ден на акција против омразата така јасно се дистанцираа од овие фанатици. Тие со тоа придонесуваат за објективизирање на дебатата - токму во време во кое германското мнозинско население вчудовидено и збунето гледа на страшните случувања на Блискиот Исток и во крајно десничарските делови на ова општество се подбуцнува против исламот и муслиманите. Бројот на напади против мулсимани и муслимански институции расте, известуваат функционерите од исламските здруженија.

Бетина МарксФотографија: DW/S. Eichberg

Напади против муслиманите во Германија

Во август имаше пет напади врз џамии во Германија, толку многу како никогаш претходно. И против тоа протестираа муслиманите на нивниот Ден на акција во петокот, исто така и против антисемитизмот и омразата кон Евреите. „Јас сум евреин, кога се напаѓаат синагоги, јас сум христијанин, кога се прогонуваат христијани и јас сум муслиман, кога се се палат џамии“, рече Ајман Мазиек, претседателот на Централниот совет на муслиманите неделава. Ова се силни зборови, кои сите ние би требало да ги присвоиме. Само компактни и со цивилен кураж може да се спротивставиме на растечката нетолеранција, екстремизмот и фанатизмот.

Но, само тоа не е доволно. Повикани се и политиката и медиумите. Политиката мора да се погрижи за тоа, на недоволно привилигираните и маргинализирани млади да им се понудат перспективи, со тоа што на пример исламските здруженија ќе добијат неопходни средства за работа за младите. Меѓународно политиката мора да се заложи конфликтите, кои го тресат Блискиот Исток, да се завршат и да пресуши мочуриштето од кое израснува тероризмот. Медиумите мора да разјаснуваат, информираат и да се погрижат за тоа со изборот на темите и зборовите самите да не придонесуваат за одалечување и радикализирање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми