Силна експлозија во зградата на „Златна зора“
4 декември 2012Рачно изработената експлозивна направа непознати лица ја поставиле на влезот од двокатната зграда, која се наоѓа во реонот на Аспропиргос, на автопатот меѓу Атина и Коринт.
Партијата „Златна зора“ во последните денови е во центарот на вниманието на политичарите, јавноста и интелектуалците во Грција. Лидерот на грчките социјалисти Евангелос Венизелос повика оваа партија да се стави надвор од законот заради нејзиното ксенофобно и расистичко однесување.
Инаку, според најавите од Грција, во земјата треба да се формираат нови единици за борба против насилството врз расна основа. Одлуката ја донесе Високиот административен суд на земјата. Првите вакви единици да работат во Атина и во Солун, а потоа е можно да се формираат и во други делови од земјата.
Во последните пет месеци во Грција драстично се зголемија нападите врз расна основа. Жртвите на ваквиот вид насилство ќе можат да се жалат во новите полициски оддели, преку адвокат или анонимно, јави агенцијата МИА. Се планира и создавање на „жешка линија“ на која граѓаните ќе пријавуваат расистички мотивирани престапи.