1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силна логистика за Грујевски и Бошковски

БГ
26 октомври 2017

Двајцата контраразузнавачи кои беа уапсени во Грција со лажни бугарски пасоши имале голема логистичка мрежа во Македонија, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Griechenland zwei Ex-Geheimdienstagenten aus Mazedonien vor Gericht in Thessaloniki
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

Широка логистичка мрежа од јатаци вработени во Министерството за внатрешни работи и Управата за безбедност и контраразузнавање им помагала на поранешниот началник Горан Грујевски и контраразузнавачот Никола Бошковски да се кријат во Македонија и да избегаат од земјата. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека таква мрежа постоела, но одбива да каже детаљи во јавноста. 

„Имaме мнoгу инфoрмaции, сoрaбoтувaме зaеднo сo Oбвинителствoтo, нo не можеме дa ги спoделиме сo јaвнoстa вo oвaa фaзa“, изјави денеска Спaсoвски. Агенцијата Макфакс, повикувајќи се на свои извори, јави дека мрежата се состоела од најмалку 10 луѓе.

Двајцата бегалци, 51-годишниот Грујевски и 35-годишниот Бошковски во Македонија се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Тврдина и таргет“. Тие се гонат за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема. Двајцата беа недостапни за органите на прогонот од моментот кога Апелацискиот суд во Скопје на 26 јули годинава издаде налог за нивно апсење.

Беа уапсени на аеродромот во Солун на 18 октомври, откако полицијата открила дека поседуваат фалсификувани бугарски пасоши. Оттогаш се во екстрадиционен притвор, а грчките власти чекаат од македонското Министерство за правда да ја испрати потребната документација за нив. Иако на двапати беа изведени пред суд, судењето не започна поради тоа што не беше обезбеден преведувач на македонски јазик. Извор на ДВ во грчкото министерство за јавен ред проценува дека екстрадицијата на двајцата би можела да трае меѓу 4 и 6 недели. Следното рочиште на судењето за фалсификуваните пасоши е закажано за 1 декември.

Министерот Спасовски денеска оцени дека Грујевски и Бошковски немаат што да им понудат на грчките служби, доколку одлучат да се „пазарат“ за својата екстрадиција.

„Бошковски и Грујевски се во притвор, ја чекаме екстрадицијата за да може овде пред македонските судови во транспарентна постапка да се докаже вината, односно тие да докажуваат дека не се виновни. Во однос на споделување информации кои тие ги имаат, веќе нема информација што не е споделена, се знаат сите детали за нивното работење од објавените материјали во проектот „Вистината за Македонија“, вели Спасовски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми