Сименс крати работни места
26 февруари 2008Медиумските извештаи кои кружат со денови добија потврда - Сименс сака да го реформира концернот ќерка Сименс Ентерпрајс Комјуникејшнс, или скратено СЕН, поради променетите барања на муштериите. Според концернот, таквите реформи во Германија ќе ги чинат работно место 3 200 луѓе, а погодени се пред се‘ централата на СЕН, како и неколку други управни функции. Кратењето работни места би требало да се изведе најсоцијално што е можно, изјави првиот човек на финансиите во Сименс, Џо Кезер. Вработените се исплашени. Дел од нив вели: „Мислам дека сите стравуваат за своето работно место. Во моментов сите се плашат. Тука мора да се биде искрен, но што може да се прави?“
„Расположението е на нула. Секој се прашува - како натаму?“
СЕН има намера од понудувач на хардвер да стане понудувач на софтвер и на решенија. Весникот „Зидојче Цајтунг“ пишува дека Сименс со реформите се подготвува за продажба на СЕН и се обидува да го направи СЕН што поатрактивен за можниот купувач. Матијас Јена, од синдикатот ИГ метал, изрази надеж дека Сименс нема да ги повторува старите грешки: „Се надеваме дека Сименс извлече поука од катастрофата со БенКу и дека овојпат ќе внимава и ќе избере инвеститор кој ќе донесе концепт со кој би се гарантирала иднината на работните места.„