1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СИПРИ: „Атомското оружје станува поважно“

СН/ агенции
17 јуни 2019

Свет без нуклеарно оружје не е на повидок, предупредува институтот Сипри. Напротив: два важни договора за разоружување меѓу Русија и САД истакуваат набрзо. Тогаш би можела да почне нова трка во вооружување.

US Atomrakete
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/C. Riedel

Атомските сили на планетава повторно инвестираат повеќе во нивните арсенали на нуклеарно оружје. За волја на вистината вкупниот број на атомски боеви глави во светот во минатата годинасе намалил за 4 проценти, но земјите кои поседуваат нуклеарно оружје му даваат поголемо значење и го модернизираат својот арсенал, се наведува во извештајот на меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) со седиште во Стокхолм.

САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Израел, Индија, Пакистан и Северна Кореја на почетокот на 2019 година поседувале околу 13.865 нуклеарни боеви глави, односно околу 600 помалку отколку на почетокот на 2018 година, се наведува во извештајот и се дополнува дека во истовреме нуклеарните сили го обновуваат својот арсенал.

„Во светот има помалку нуклеарно оружје, ама затоа поново“, изјави директорот на програмата за контрола на атомското оружје во СИПРИ и автор на извештајот, Шенон Кајл.

Фотографија: picture-alliance/dpa/U.S. Air Force

Намалувањето на нуклеарното оружје во последните години главно потекнува од САД и Русија, чии арсенали и натаму претставуваат 90 насто од вкупното нуклеарно оружје во светот. Но тие главно се ослободуваат од оружјето, кое и онака не им е потребно, велат во СИПРИ.

Покрај тоа намалувањето се должи и на два договори за разоружување меѓу Русија и САД: новиот СТАРТ договор, склучен во 2010 година и кој истекува во 2021, и во меѓувреме откажаниот ИНФ- договор од 1987 година. Двата договора со тоа во догледно време ќе го загубат своето дејство. Во СИПРИ затоа предупредуваат дека би можела да започне нова трка во атомско вооружување меѓу двете најголеми нуклеарни сили на планетава. 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми