Сириската опозиција јавува за нов масакр
26 август 2012Сириската Опсерваторија за човекови права, која има седиште во Лондон, соопшти дека најголемиот дел од жртвите се веројатно убиени за време на офанзивата на сириската армија во текот на изминатите денови. Владините трупи, како што тврдат сириски активисти, пред пет дена почнала голема офанзива во Дараја за да ги протераат бунтовниците од градот, кој инаку има околу 200.000 жители. Од вчера (25.08) во градот се пронајдени околу 320 тела на убиени. Опсерваторијата за човекови права своите податоци ги потпира врз изјави на бунтовници и на очевидци. Нивните наводи немаат потврда од независни извори.
Сириското раководство крваво го задушува протестот во земјата од март 2011 година. Оттогаш, според наводи на Опсерваторијата во Лондон, убиени се околу 25.000 луѓе. Август, иако не е завршен, веќе е најкрвав месец во досегашниот тек на конфликтот - загинаа повеќе од 4 илјади луѓе.