Сирија: Извештаи за пљачкосување во Африн
19 март 2018Со Анкара поврзаните борци, вчера започнале со ограбување на имотот на жителите на Африн, како и на воените објекти и продавници, известува Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Нејзините тврдења не можат да се проверат од независни извори, но по правило се базираат врз контакти на терен. И репортерите на новинската агенција АФП јавуваат за бројни пљачкосувања. Според нив, протурските борци, пред да го напуштаат градот, товареле на своите возила гајби со животни продукти, технички апарати, па дури и моторцикли. Освен тоа, одземале и добиток, а и бројни автомобили.
Турската армија и нејзините сириски сојузници вчера комплетно го освоија градот Африн, населен претежно со курдско население. Истоименета енклава беше цел на турската офанзива, започната на 20. јануари, а заземањето на градот претставува важна победа на Турција над курдската милиција ИПГ. Анкара ги смета единиците на ИПГ, поради поврзаноста со забранетата Работничка партија на Курдистан, ПКК, за терористичка организација. За САД напротив ИПГ е важен сојузник во борбата против џихадистите од Исламска држава.
Повеќе на темата:
Сириските Курди во меѓувреме најавија борба за ослободување на курдскиот регион Африн. Отпорот против турската оокупација ќе трае сѐ додека не биде ослободен секој сантиметар од Африн и луѓето не се вратат во своите села и куќи, соопштија властите на автономниот регион.