1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија му нуди соработка на Западот

ЕМФ /ард/афп/дпа25 август 2014

Сирија е подготвена на соработка со Западот во борбата против терористите на Исламска држава (ИД). Германската влада отфрла соработка со сириско раководство на чие чело е Асад.

Фотографија: Reuters

Предуслов за соработка со Западот е меѓународната заедница да го почитува раководството и независноста на Сирија, изјави денеска (25.08) сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем (на фотографијата) на прес-конфернеција во Дамаск. Тој нагласи дека понудата важи и за САД и Велика Британија. Ова е прва изјава на висок сириски претставник околу офанзивата на ИД.

Западот досега е жесток противник на режимот на Башар ал-Асад. Во текот на изминатата недела САД, кои веќе бомбардираа позиции на ИД во Ирак, не исклучија можност и за воздушни напади против екстремистите во Сирија. Муалем, сепак, ги предупреди САД да не напаѓаат на сириска територија. Без согласност од владата во Дамаск таква акција ќе значи повреда на сирискиот суверенитет и ќе биде третирана како агресија, рече шефот на сириската дипломатија. Тој додаде и дека воздушни напади врз ИД не се доволни и дека е неопходна размена на информации на тајните служби на соседните држави.

Германската влада денеска отфрли соработка со сириско раководство на чие чело е Башар ал-Асад. Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Берлин, Мартин Шефер, оцени дека власта на Асад е одговорна за „неверојатни неправди“ и дека е тешко да се замисли сето тоа да се занемари за „в кревет да се легне со оние кои не се толку лоши“ како Исламска држава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми