1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиромаштијата повеќе пече очи од смогот

Клеменс Ференкоте/ Симе Недевски27 декември 2013

Грчката влада, со оглед на растот на цената на маслото за домаќинство, ја зголеми паричната помош за греење за посиромашните семејства. Но тоа не е доволно. Многумина пронаоѓаат решение во греењето на дрва.

Фотографија: Imago

Во Грција во многу станови нема греење дури и кога само еден станар не ја платил својата сметка за греење а останатите семејства не сакаат да го придодадат на својата сметка непатениот дел од парите. Затоа многу семејства инсталираа печки во сопствените четири ѕида. Последици се пожари во становите и значително зголемување на нивото на смог. „Се разбира дека тоа секого го вознемирува. Не е в ред . Нешто би требало да сторат, за луѓето да имаат нафта за домаќинство“, вели Попи Пасаки од Атина.

Тој го изговара она што жителите на грчката престолнина со денови на назад до гледаат и вдишуваат: мирис и чад на согорено дрво. Тоа се дрва кои во многу станови за изнајмување се користат за огрев, од нужда. Чадот благодарение на импровизирана конструкција на печката се исфрла надвор. Во многу атински населби се продава дрво за огрев на провизорни штандови. Министерството за здравство апелираше до граѓаните: загаденоста на воздухот во меѓувреме е толку висока, така што луѓето би требало да се воздржат од сопствените варијанти за греење во домот. Владата дури најави и бесплатна испорака на струја за најзагрозените, сѐ со цел да се намали смогот.

Фотографија: DW

Кого го засега смогот во ваква криза?

Смогот, сепак е најмалото зло, коментираат минувачи во Атина: „Нормално дека сум загрижен, Но повеќе сум загрижен за Грците кои живеат во сиромаштија. Тоа е трагедија, бидејќи властите не се грижат за поважните работи, а тоа се гладот и сиромаштијата на луѓето“, вели еден жител на Атина. „Кога ќе помислам дека има луѓе без покрив над главата, гладни и премрзнати, семејства кои живеат без струја и греење- не, тогаш не се грижам за смогот“, додава една минувачка.

Цените на маслото за домаќинство во минатите години значително пораснаа, од 40 центи за литар на почетокот на кризата на едно евро и 36 центи во моментов. Тоа е последица на повеќекратните зголемувања на даноците. Министерот за финансии ги отфрла обвинувањата дека владата ги оставила на цедило семејствата на кои им е потребна помош. Имено, постои надоместок за греење за тој круг граѓани, кој сега е зголемен од седум центи на 35 центи за литар, вели министерот. Тоа значи дека граѓаните и натаму мораат да плаќаат огромна цена. Повеќе од половина милион Грци веќе поднесле барање за тој надоместок, а најголем дел од барањата веќе се одобрени. Во меѓувреме стана вообичаена практика цели згради повеќе да не нарачуваат масло за греење за зимата.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Брачната двојка Гунусепекис со своите седум деца живее во едно предградие на Пиреа во сѐ уште недовршен стан. Кирија нема платено една година, исто како и сметки за струја и за вода. Сопствениот минимаркет мораа да го затворат во 2012. година. Радијаторите во нивниот стан се ладни. Таткото Јорго ситуацијата на сопственото семејство ја опишува со следниве зборови: „ Од рано наутро, кога ќе ги отворам очите, доколку воопшто сум спиел, морам да мислам само на тоа како ќе преживееме уште еден ден“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми