1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите сакаат во Германија

ЕМФ/дв27 јуни 2012

Во Германија во изминатите години се доселиле натпросечно голем број луѓе. Ова произлегува од најновиот извештај за миграцијата на Огранизацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), претставен денеска (27.06).

Фотографија: DW

Според извештајот на ОЕЦД кој беше презентиран во Берлин и Брисел, бројот на луѓе кои трајно се доселиле во Германија во 2010 година е зголемен за десет проценти. Бројките за 2011 година, кои се‘ уште не се официјални, исто така покажуваат значително зголемување. Инаку, генералниот тренд во земјите на ОЕЦД говори за намалување на доселувањето поради економската криза, и тоа за 2,5 проценти.

Истовремено, состојбата на пазарот за работна сила за мигрантите во Германија е значително подобрена во споредба со другите земји. Стапката на вработеност на мигрантите во Германија, во периодот од 2008 до 2011 година пораснала за четири проценти и изнесува 66,5 проценти. Најголемиот дел од доселениците, според извештајот на ОЕЦД, доаѓаат од државите на ЕУ - Полска, Романија, Бугарија и Унгарија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми