1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Пакистан се заострува

Сабина Матај16 март 2009

Стотици демонстранти синоќа во Лахоре се судрија со полицијата. Сеуште е отворено дали лидерот на опозицијата, Наваз Шариф ќе го отповика маршот кон Исламабад. Властите во меѓувреме го исполнија едно од клучните барања.

Од судирите во ЛахореФотографија: AP

Премиерот на Пакистан, Јусуф Раза Гилани соопшти дека врховниот судија Ифтикар Чаудри и другите судии кои беа отпуштени од работа, на 21 март ќе се вратат на своите функции. Гилани соопшти дека сегашниот претседател на врховниот суд денеска треба да замине во пензија со што ќе се создадат услови Чаундри да ја преземе функцијата.

Жесток говор на Шариф

Од поранешните средби на Зардари и ШарифФотографија: AP

Инаку ситуацијата во градот Лахоре синоќа ескалираше. Наспроти забраната за демонстрации, илјадници приврзеници на опозицијата предводена од поранешниот премиер Наваз Шариф излегоа на улиците и се судрија со полицијата која постави блокади. Демонстрантите фрлаа со камења, а полицијата употреби солзавец и шок бомби. Шариф, кој претходно го напушти домашниот притвор одржа жесток говор кој го пренесуваа медиумите. Шариф предупреди дека Пакистан е полициска држава. Тој ќе ги предводи планираните протести во Исламабад, кои треба да се одржат денеска.

Ситуацијата надвор од контрола

Инаку опозицијата во четвртокот го започна протестниот марш од Карачи до Исламабад во должина од 1500 километри. Властите уапсија околу 1 800 приврзеници на опозицијата и поставија блокади на улиците низ целата држава. Во Исламабад блокирани се главните сообраќајници и седиштето на претседателот. Политичкиот експерт Захед Хусеин смета дека актуелниот претседател на Пакистан, повеќе не ја контролира во целост ситуацијата: „Ситуацијата е целосно надвор од контрола. Протестите се проширија, а мерките кои треба да ги спречат демонстрациите во Исламабад не ја олеснуваат ситуацијата“ предупреди Хусеин.

Первез МушарафФотографија: picture-alliance/ dpa

Инаку поранешниот премиер Наваз Шариф и неговиот брат Шабаз, во февруари беа исклучени од политиката поради поранешна пресуда од времето на Первез Мушараф. Неговиот наследник, Асиф Али Зардари, кој во 2008 година беше избран за претседател од страна на парламентот, не го исполни ветувањето дека ќе ги врати на функција 60-те судии кои беа разрешени од страна на Мушараф. Тоа беше и причината поради која во август минатата година се распадна коалицијата меѓу пакистанската Народна партија на Зардари и пакистанската муслиманска лига на Шариф.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми