1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Фукушима 1 и натаму непредвидлива

29 март 2011

Ситуацијата во јапонската атомска централа Фукушима 1 и натаму е надвор од контрола. Од неа и натаму истекува плутониум. Според јапонскиот премиер Наото Кан, состојбата е сериозна и непредвидлива.

Фотографија: picture alliance/dpa

Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека несреќата со нуклеарната централа „Фукушима 1“, која беше сериозно оштетена од земјотресот и цунамито на 11 март, се наоѓа во фаза во која се бара максимална внимателност.

„ Ситуацијата продолжува да биде непредвидлива. Треба да продолжиме да се справуваме со неа со сета своја сила“, изјави Кан пред буџетската комисија на Горниот дом на јапонскиот парламент. Тој ги отфрли критиките на опозицијата дека неговата посета на местото на несреќата со хеликоптер над Фукушима можеби ги спречила мерките на санирање и помош.

Разурнатите реактори во нуклеарката Фукушима 1Фотографија: AP

Работите на ремонтот во нуклеарката Фукушима 1 се одвиваат отежнато поради опасно високото ниво на радијација во водата која се има собрано во подземната сала со дизел генератори на вториот реактор. Според соопштението на Владата, таа вода најверојатно била извесно време во допир со делумно растопеното нуклеарно гориво во реакторот.

Покрај тоа, на пет места на територијата околу нуклеарната централа „Фукушима 1“ вчера беа откриени траги од плутониум, иако, според тврдењата на претставници на фирмата Тепко, која управува со центаралата, во незначително и безопасно количество.

Автор: ЖА/СН/дпа/миа

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми