1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Унгарија не го испорачува Груевски?

ДТЗ
20 декември 2021

Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година, каде што доби политички азил. Додека во земјата се водат повеќе постапки против него, судот во Унгарија неколкупати одби да го екстрадира.

Петер Сијарто
Петер Сијарто, унгарски министер за надворешни работиФотографија: Reuters/B. Szabo

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, денеска во Скопје се огради околу екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој веќе неколку години најде засолниште во Будимпешта. Според Сијарто,станува збор за правно прашање за кое е задолжен судскиот систем.

„Ова не е политичко, туку правно прашање. Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање“, одговори Сијарто на новинарското прашање зошто Унгарија не го испорачува Груевски.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година, каде што доби политички азил. Во меѓувреме, во македонските судови се водат повеќе постапки против него за злоупотреби, а изречена му е и пресуда за предметот „Тенк“ од две години затвор за набавката на луксузен мерцедес.  

Судот во Унгарија неколкупати го одби барањето за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски кое го поднесе македонското Министерство за правдаФотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Судот во Унгарија неколкупати го одби барањето за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски кое го поднесе македонското Министерство за правда. Причината е одобрениот азил. Питер Марки-Заи, кој ќе му се спротивстави на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори пролетта 2022 година, најави екстрадиција на Груевски.  

Попречувањето на влезот во ЕУ - нечесен чекор 

Унгарија бара преговорите со Северна Македонија и Албанија да почнат веднаш. Шефот на унгарската диломатија по средбата со македонскиот колега Бујар Османи одржа прес-конференција на која оцени дека изостанувањето на почетокот на преговорите е нарушување на кредибилитетот на ЕУ.  Тоа што ЕУ не додели датум за започнување на преговорите со Северна Македонија, според Петер Сијарто е нечесен чекор, бидејќи земјата направила сѐ што е неопходно за да го отвори преговарачкиот процес.

„Ако сакавме да бидеме чесни ќе требаше да кажеме уште во оваа година Северна Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите. Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што ги сметаат како пречка да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на започнувањето на преговорите“, рече Сијарто.

Посета на Скопје на шефот на унгарската дипломатија следи веднаш по завршувањето на декемвриските состаноци на Советот на ЕУ. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми