1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скапа грешка на „Гугл“

АТ/ дпа/ дапд/ ртр/ афп19 октомври 2012

Срамна грешка на интернет гигантот „Гугл“: Пред затворањето на берзите беа објавени кварталните бројки на концернот. Акциите вртоглаво паднаа.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Прерано и прелоши, е пресудата на финансиските пазари за постигнатите резултати на „Гугл“ во третиот квартал од годинава, кои беа објавени пред затворањето на берзата. Последица - трговците стиснаа на копчето за продажба на нивните компјутери и акциите на интернет гигантот вртоглаво паднаа. Милијарди берзанска вредност беа уништени. За извесен период дури и беше прекинато тргувањето на берзата Насдак на барање на „Гугл“. На затворањето на берзата хартијата од врдност со 695 долари забележа минус од осум проценти.

Шефот на „Гугл“ се извини

Вообичаено американските фирми кварталните бројки ги објавуваат по затворањето на берзата во Њујорк во 22:00 часот. Кварталниот извештај на „Гугл“ меѓутоа беше објавен четири часа порано. Концернот одговорноста за тоа ја префрли на фирмата за услужни дејности „РР Донели“. Оваа фирма без одобрение испратила нацрт од соопштението до американската служба за надзор на Берзите СЕК, појасни концернот. Шефот на Гугл Лери Пејџ се извини за грешката и изрази жалење за метежот.

Но бројките на „Гугл“ ги разочараа финансиските експерти. Иако обртот во споредба со истиот период лани е зголемен за 45 проценти на 14,1 милијари долари, добивката опадна за 20 проценти на 2,18 милијарди долари. Загубите се должат на купувањето на „Моторола“. Производителот на мобилни загуби оперативни 527 милиони долари. Во извештајот на „Гугл“ има уште еден горчлив податок: во споредба со минатата година пребарувачот заработи 15 проценти помалку пари од клиентите кои се рекламираа за секој клик кој го прави корисникот. Рекламата е најважниот извор на приходи за „Гугл“.

Се чека на Виндоус 8

Слабости во моментов покажува и најголемиот ривал на „Гугл“ - „Мајкрософт“. Со оглед на тоа што актуелнот оперативен систем Виндоус 7 се продава лошо и целиот компјутерски пазар слабее, обртот на концернот за периодот од јули до септември се намали за осум проценти на 16 милијарди долари. Добивката се намали за 22 процетни на 4,5 милијарди долари. Наредната недела „Мајкрософт“ ќе го презентира Виндоус 8. Со тоа ќе почне „нова ера“, појасни шефот на концернот Стив Балмер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми