070211 ISPO Sportmesse
12 февруари 2011Сноубордот ја губи битката со скиите токму кај младите љубители на скијањето. Производителите со години лансираат скии со постојано нови карактеристики и ја разбидуја љубопитноста кај младите, да се проба новото. Трендот ги наведе на преориентација дури и познатите производители на сноубордови, како Хансјирг Кеслер, со чии штици за на снег најдобрите спортисти од светот освојуваа медали. „Кога пред речиси 25 години почнав да произведувам сноубордови, никогаш не би дошол на идеја да правам скии“. Но, сега го прави тоа и кај скиите го користи искуството од сноубордот.
Големите производители на скии, како „Фелкл“ во покраината Баварија, чии производни капацитети се максимално искористени, имаат истражувачки оддел. На саемот во Минхен ги претставија таканаречените „рокер“ скии, кои и одзади се завратени нагоре, како и напред. „Со новите, широки скии со модерна структура, кои се супер за возење надвор од скијачките патеки, и со кои може да се вози и онаму, каде досега беше дозволено само за сноуборд, ги вративме трендсетерите, кои порано се префрлија на сноуборди“.
Скиите ќе бидат во мода уште некоја година, додека производителите не измислат нешто ново.
Автор: Хаген Тобер/ Зоран Јордановски
Редактор: Александра Трајковска