1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Езерото Треска замина во историјата

Арбнора Мемети
20 јануари 2021

На местото на некогашното рекреативно езеро на периферијата на Скопје денеска можеа да се видат само рушевини и кози кои шетаа по остатоците од некогашната гордост на скопјани. Еве што забележа нашиот објектив.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von Skopje
Некогашното езеро ТрескаФотографија: Arbnora Memeti/DW

Тешка механизација и група кози во потрага по храна во студените зимски месеци денеска беа главна сензација на просторот каде некогаш се наоѓаа објектите во рамките на Рекреативниот центар Треска.
Општина Сарај, под чија надлежност е езерото Треска, денеска започна со уривање и расчистување на сите објекти кои некогаш го красеа излетничкото место.
Нема веќе приколки, бунгалови, кафулиња, ресторани, тоалети, а од езерото зјае само бетонска дупка која, веројатно, наскоро исто така ќе ја нема. 

Фотографија: Arbnora Memeti/DW
Кози во потрага по храна во езерото ТрескаФотографија: Arbnora Memeti/DW


Рекреативниот центар беше изграден во 1978 година со самопридонес, а своите златни години ги имаше во текот на 1980-те и 1990-те, кога илјадници граѓани, особено во летните месеци го користеа за бегство од градските метежи и летните жештини.

Остатоци од некогашните бунгалови и приколкиФотографија: Arbnora Memeti/DW

Езерото беше затворено во 1998 година и оттогаш пропаѓа. Бројните најави и обиди да се приватизира и повторно да се отвори Центарот- никогаш не вродија со плод. 

Фотографија: Arbnora Memeti/DW


Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети пред еден месец за сакамдакажам.мк изјави дека планира на местото на некогашниот излетнички центар да изгради хотелски комплекси и викенд населба.

Фотографија: Arbnora Memeti/DW
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми