1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Скопје ќе прифати 190 луѓе: Mилионски бран од Авганистан

17 август 2021

Од овој момент ќе има милиони политички и хуманитарни бегалци, авганистанскиот народ не сака леб, сака слобода, слобода без војна, порача авганистанискиот амбасадор во Софија.

Afghanistan | Evakuierung von Afghanen aus Kabul durch die U.S. Air Force
Евакуација на 640 Авганистанци од Кабул во Катар со авион на американската воена авијација, 15.08.2021Фотографија: Courtesy of Defense One/REUTERS

Голем бран бегалци од Авганистан наскоро ќе стигнат до границите на балканските земји во транзитирањето кон европските. Не станува збор за економски, туку за политички и хуманитарни бегалци кои масовно ја напуштаат земјата по воздушен и копнен пат, откако таа е под контрола на талибанците.

Mакедонските власти веќе работат на координација и утврдување детали за привременото прифаќање граѓани од Авганистан. Станува збор за околу 190 лица: шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеле на одржувањето на мирот во Авганистан.

Милиони луѓе ќе заминат

Но, многу поголема ќе биде бројката на оние кои по копнен пат ќе тргнат кон Европа. Во разговор за бугарски медиуми на ова укажува авганистанскиот амбасадор во Софија, Мохамад Саифи.

„Бегаат кон Пакистан или Иран. Од Иран во Турција, потоа кон Бугарија или Грција и понатаму. Не станува збор за економски мигранти, туку за обид да останат живи. Младите Авганистанци не сакаат да се вратат назад. Особено не жените и младите девојки. Тие не сакаат бурки, тие не сакаат да бидат затворени во домовите. Ние веќе не сме оние луѓе од пред 20 години. Веќе знаеме што е демократија, што е слобода. Ниту талибанците, ниту кој било друг, никој нема да нѐ врати назад, како пред 20 години. Но убеден сум дека од овој момент ќе има милиони, милиони наши политички и хуманитарни бегалци. За жал. Нашиот народ не сака леб, сака само слобода, слобода без војна“, изјави Саифи.

Убеден сум дека од овој момент ќе има милиони, милиони наши политички и хуманитарни бегалци, вели СаифиФотографија: Wakil Kohsar/AFP

Се чека група од 190 лица

Засега не се знае кога првите граѓани од Авганистан ќе стигнат во Скопје по воздушен пат. Од владината прес-служба велат дека времето на нивното полетување сѐ уште не може да се потврди, имајќи ги предвид сложените услови на аеродромот во Кабул, но се очекува да пристигнат во текот на следните денови. По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, сите задолжително ќе бидат упатени во 14-дневен карантин заради превенција од Ковид-19, а оние кои не се вакцинирани ќе примат вакцини.

„Целиот демократски свет се солидаризира со хуманитарната катастрофа која му се заканува на локалното авганистанско население, а Северна Македонија како членка на НАТО ќе преземе солидарна одговорност привремено да прифати цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО-сили, вклучително и на нашата армија“, потенцираат од Владата.

Повеќе:

Бајден им се закани на новите владетели во Авганистан

Затворете ги вратите, доаѓаат талибанците!

Меркел за ситуацијата во Авганистан: „Горчлива, драматична и страшна“

Во моментов се работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави. Од владината прес-служба објаснуваат дека сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, сѐ до обезбедување нивен трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со стратешките партнери и со меѓународните организации.

Сите оперативни и административни прашања поврзани со учеството на Северна Македонија во меѓународната хуманитарна мисија за спасување на локалното население од Авганистан, ќе бидат разгледувани и ќе бидат донесени соодветни одлуки на денешната, но и следните седници на Владата.

Турција гради ѕид?

Голем број земји ја делат загриженост од налаганите ограничувања на талибанците на човековите права, особено во однос на жените и децата, и се вклучуваат во напорите на меѓународната заедница за пружање хуманитарна помош на цивилното население кое ќе замине од Авганистан.

Над 70 земји, меѓу кои и членките на ЕУ, веќе ветија помош за авганистанскиот народ. Од земјите во соседството, Албанија и Косово исто така се подготвуваат да ги примат првите групи Авганистанци.

Прогнозите дека голем бегалски бран по копнен пат преку Иран може брзо да стигне до Турција, ги мобилизира турските власти. Како што јави Би-Би-Си, турските власти издале наредба на границата со Иран да се изгради ѕид со цел да спречи голем бран на бегалци, но и можен продор на инфилтрирани талибанци меѓу нив. Во моментов се работело со тешка механизација на граничната линија во должина од пет километри, а граничниот појас на кој се градел ѕидот е долг 295 километри.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми