1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скратен празничен карантин

СН/агенции
22 мај 2020

Наместо во сабота, како што предложи Комисијата за заразни болести, полицискиот час за празниците Рамазан Бајрам и Денот на сесловенските просветители ќе почне во недела во 11 а ќе трае до вторник во 5 часот.

Nord-Mazedonien Skopje Coronavirus
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Владата во Скопје одлучи полицискиот час време на претстојниот продолжен викенд да започне во недела во 11 часот и да трае до вторник во 5 часот.  Како што се наведува во соопштението од седницата на владата, во сабота движењето за граѓаните ќе биде ограничено исто како и во работните денови - од 19 до 5 часот наредниот ден.

Комисијата за заразни болести пред два дена предложи полицискиот час за викендот, за време на кој претстојат два празника - Рамазан Бајрам и Денот на словенските просветители Кирил и Методиј, да започне во сабота во 19 и да трае до вторник во 5 часот.

23 новозаболени

Инаку во претходните 24 часа во земјата се направени  702 тестирања, а потврдени се 23  случаи на новозаболени, така што вкупната бројка дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.921.

Повеќе:

-Македонско писмо до Најтингел: Извор на среќа е да помагаш!

-Филипче: Не бев нападнат, човекот си имаше мака

-Филипче најави продолжен викенд-карантин

Денеска почина уште еден пациент од коронавирусот и вкупниот број на починати се покачи на 112. Во Градската болница „8 септември“ утрината починал 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, кој вчера бил примен во болницата со симтоми на Ковид-19.  Институтот за јавно здравје регистрирал уште 9 оздравени пациенти и бројката на излечени со тоа е зголемена на 1.387, додека бројот на активни случаи е 422.

Филипче: Ситуацијата е под контрола

Во гостување на телевизијата ТВ24, министерот за здравство Венко Филипче вечерва оцени дека епидемијата стивнува и оти земјата се наоѓа во мирна фаза, во која има слободни кревети и респираторни машини во болниците, а исто така се познати контактите на новозаболените. „Немаме изненадувања и можам да кажам дека ситуацијата е под контрола“, рече министерот. 

Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Според него новите случаи на заразени се поради непочитување на мерките за избегнување поголеми собири, одржување на дистанца и за носење на маски. 

Министерот Филипче претходно повтори дека смета оти е сѐ уште рано за отворање на границите и дека тоа треба да се направи координирано во регионот. „Сметам дека за отворање на границите кај нас е сѐ уште рано. Мислам оти треба да пројде уште еден период во кој ќе ги имплементираме нашите мерки за олабавување и потоа, на организиран начин, да разговараме за отворање на границите“.

Отворање на границите на средината на јуни

Министерот во гостувањето на телевизијата ТВ24 истакна дека македонските границии најверојатно ќе бидат отворени кон средината на наредниот месец. 

Според Филипче за отворање на границите во регионот е потребен координаран пристап и претходен договор за преминување на границите без тестови и без да се прави метеж, како и бесплатно лечење ако некој на патувањето заболи од коронавирусот. Министерот за здравство изјави дека за тоа веќе разговарал со грчкиот колега во Атина и оти очекува одговор, како и дека министерот за надворешни работи Никола Димитров на видео состанокот со министрите на соседните земји разговарал за тоа да се направи заедничка стратегија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми