1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слави Трифонов ја напушта бугарската влада

8 јуни 2022

Слави Трифунов во вонредно обраќање го обвини премиерот Кирил Петков за национално предавство и најави напуштање на владата. Владата на Петков на стаклени нозе

Слави Трифонов
Слави ТрифоновФотографија: BGNES

Лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов во средата најави дека ја напушта владата на премиерот Кирил Петков поради неговите обиди да постигне компромис со Северна Македонија и поради тоа што „државата нема пари“.

„Причините поради кои оваа коалиција не функционира и за нас нема место во неа се две: Македонија и фактот дека државата веќе нема пари“, соопшти Трифунов на вонредно обраќање.

Тој го обвини премиерот Петков дека во однос на спорот со Северна Македонија води друга надворешна политика, различна од таа на парламентот, Министерството за надворешни работи и од политиката декларирана од Консултативниот совет на претседателот Румен Радев. 

Кирил Петков предводи влада составена од четири партии во која, покрај ИТН, е и неговата Промената продолжува, Демократска Бугарија и Бугарската социјалистичка партија.  

„Премиерот си има друг министер за надворешни работи, не министерката Теодора Генчовска, туку друг, која се вика Весела Чернева. Кирил Петков им ветил на различни лидери од Европа и светот дека ќе го подигне ветото за Северна Македонија, и покрај тоа што огромен дел од бугарските граѓани сакаат Северна Македонија да започне преговори дури откако ќе го исполни договорот меѓу двете држави потпишан во 2017 година. На тој начин Кирил Петков грубо, без пардон и еднострано го нарушува потпишаниот коалициски договор. Тоа се нарекува национално предавство“, рече Трифонов.

Во првичната реакција по објавата на Трифонов, премиерот Петков најави дека тој и понатаму ќе предводи „малцинска влада“. Според информациите во бугарските медиуми, тројца министри на ИТН ја напуштиле денешната владина седница, додека четвртиот воопшто не присуствувал. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми