1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мртва трка во САД, Бајден во блага предност, Трамп фаворит

БГ /АФП
4 ноември 2020

Проценките од САД велат дека засега Бајден е во предност, но се типува победа на Трамп. Претседателот Трамп се пожали на Твитер дека демократите се обидуваат да му ја украдат победата. Бајден повикува на смиреност.

Kombobild | US-Wahlen 2020 - Donald Trump und Joe Biden
Фотографија: Jim Watson/AFP

Според последната проекција на агенцијата Асосиејтед Прес, Џо Бајден во моментов има предност од 224 наспроти 212 електорски гласови во однос на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. За победа на изборите на еден од кандидатите потребно е да освои 270 електорски или делегатски гласови кои се распределуваат од секоја одделна сојузна држава.

Гласањето се уште трае во неколку држави, а броењето на гласовите во многу од нив ќе трае со часови, а некаде и во следните денови. 

- повеќе на темата: Америка избира претседател

Бајден денеска им порача на своите симпатизери дека конечниот резултат може да биде непознат до среда наутро (по американско време) и ги повика да останат смирени, убедувајќи ги дека „победата е блиску“.

Трамп, од друга страна, влезе во конфликт со Твитер откако твитна дека „тој победува, а тие (демократите) се обидуваат да му ја украдат победата“.

Американските медиуми засега предвидуваат победа за актуелниот претседател во 22 држави, вклучително и клучните како Флорида, Индијана, Кентаки, Мисури, Охајо и Тенеси- сите држави во кои победи и во 2016 година. 

- повеќе на темата: Што ако нема јасен победник на изборната ноќ?

Бајден досега освоил 18 држави, меѓу нив неговата матична Делавер и големите како Калифорнија и Њујорк, како и главниот град Вашингтон. Слично како и Трамп, сите држави во кои досега е проектирана победа на Бајден беа освоени од Хилари Клинтон во 2016.

Но повеќе клучни држави се уште се неизвесни, меѓу нив и Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. Таму трае броењето на гласачките ливчиња.

Проценките на експертите, па дури и на големите светски обложувалници, е дека Трамп е на пат да освои уште еден мандат и да остане во Белата Куќа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми