1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на медиумите

Европа и борбата за слобода на медиумите

Барбара Везел
3 мај 2021

Слободата на медиумите спаѓа во основните постулати на демократијата во ЕУ. Во некои земји членки таа е сѐ позагрозена. Меѓу нив е и Словенија, каде новинари се предмет на навреди и закани. Што може ЕУ да преземе?

Slowenien Ljubljana | Zeitungskiosk
Фотографија: DW

Словенија минатата година падна за четири места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници”. „Познати политичари и натаму постапуваат со заплашувачки процеси против органи на медиуми, а често и со навредливи вербални напади", се вели во извештајот. „Таквиот тренд се засилува откако Јанез Јанша, лидерот на екстремно десната партија СДС, стана премиер во март 2020“.

Тој летово го презема и ротирачкото претседателство со ЕУ, така што се стравува од политички срамотилаци. Јанша уште во февруари годинава беше опоменат заради испади спрема новинарска во Брисел.

Премиерот на Словенија, Јанез ЈаншаФотографија: Olivier Hoslet/Pool/REUTERS

Брутална клима за новинари

Сѐ започнало со твит на Јанша пролетта 2016, раскажува Мојца Пашек, долгогодишен уредник во ТВ Словенија. „На една Фејсбук страница бордел нуди две обични проститутки, Евгенија Ц. И Мојца П. Едната за 30, другата за 35 евра", твитнал политичарот.

Повод за тоа било критичко известување на двете новинарки за деснорадикални движења во партијата на Јанша. „По тој твит сѐ во Словенија експлодираше, тоа беше како знак за старт за навредливи и лични навреди спрема новинари", се потсетува Мојца Пашек. Двете жени поднесоа тужба пред суд против навредите, но изгубија на апелација. Изјавата била покриена со слободата на говор која за политичари требало да се интерпретира пошироко отколку за обични луѓе, одлучија судиите. Претседателот на Апелација е прочуен како поддржувач на Јанша.

Повеќе:

-Јанез Јанша: „Мини-Трамп“ и „Маршал Твито“

-Јанша ја кани ЕУ да се увери во правната држава во Словенија

-Што може да направи Брисел против „испадите” на Јанез Јанша?

Не е едноставно да се справуваш со постојаниот притисок, вели Мојца Пашек. „Прво стануваш по малку депресивен, потоа страдаш од бруталната клима бидејќи не знаеш како да се справиш со тоа". Но, таа се доживува како борец и сака и натаму да го следи новинарскиот повик, на јавноста да ѝ ја изнесува вистината за владата. Вели дека во ситуацијата мора да бидеш професионален, да ги провериш сите факти и да не дозволиш да бидеш заплашуван. 

Мојца ПашекФотографија: DW

Новинската агенција на мета

Новинарката затоа не ја избегнува проблематичната задача да известува за ситуацијата околу словенечката новинска агенција „СТА". Таа ужива неприкосновен углед, професионална е и непристрасна, потврдуваат аналитичари во Љубљана. Владата пак ѝ го укина финансирањето и мерката ја образложи со тоа дека агенцијата наводно не исполнувала обврски за известувања.

Директорот Бојан Веселиновиќ со месеци се бори за тоа да може да ги исплати своите вработени и смета дека е центар на политичка војна. „Минатата пролет агенцијата беше обвинета дека продуцира лажни вести. Во октомври нападите се засилија и нѐ оквалификуваа како 'национален срам'. (…) Четири месеци не сме добиле ни едно евро за нашата работа. Мислам дека владата е подготвена на сѐ за да може политички да нѐ стави под своја контрола".

Веселиновиќ е предмет на лавина лични напади и закани. Додека пред камерите на словенечката телевизија и на ДВ ја брани неговата работа, во посета кај министерот за внатрешни работи во Љубљана е еврокомесарката Илва Џонсон. „Слободата и плурализмот на медиумите се сржта на демократијата", предупредува таа на прес-конференција. „Медиумската слобода во Словенија е апсолутна", изјавува веднаш потоа министерот Алес Хојс и истовремено ветува дека ќе се обнови финансирањето на новинската агенција.

Бојан ВеселиновиќФотографија: DW

ЕУ има проблем

„Некои наши политичари се безобразни и агресивни и не се држат до европските стандарди", вели медиумскиот аналитичар Марко Милосављевиќ од Универзитетот во Љубљана. Тој смета дека тоа е сега веќе голем проблем на ЕУ, кога демократските правила не се почитуваат, кога водечки политичари имаат сексистички испади и користат или поддржуваат расизам и говор на омраза. „Тоа го гледаме во Словенија, Унгарија, Полска, Србија и други земји".

Виктор Орбан, Јанез Јанша и други ги смета за „деструктивни сили кои тестираат до каде може да одат". Нивната идеологија е во конфликт со вредностите на ЕУ. Со оглед на тоа дека не добиле јасна порака на адреса на нивната неприфатлива политика и не биле санкционирани, тие сега не знаат за стоп, смета Милосављевиќ. „Тие ќе одат и чекор понатаму и ќе руинираат сѐ што во последните 75 години сме постигнале во Европа".

ЕУ по секоја цена мора да преземе нешто против таквиот развој, смета аналитичарот, во спротивно ќе потоне во безначајност. „Европските институции, но и другите влади мора да се борат против тоа колку што е можно построго", предупредува Милосављевиќ. „Словенија е демократска земја и ние имавме високо ниво на политичка дебата. Се надевам дека и со меѓународна помош ќе може пак да дојдеме до таа точка".  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми