1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Словачки бизнисмен ослободен за убиството на Куцијак

ЖА / агенции
3 септември 2020

Словачкиот бизнисмен Маријан Кочнер е прогласен за невин по обвинувањето за порачка на убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак, кое во 2018 година ја потресе земјата и доведе до оставка на тогашниот премиер.

Slovakai | ermordeter Journalist Jan Kuciak und Martina Kusnirova | Freedom Square
Фотографија: picture-alliance/dpa/CTK/S. Petr

Со изрекување пресуда за вина за убијците, но неочекувана ослободителна пресуда за осомничениот нарачател на убиството, во Словачка со спорен исход заврши судскиот процес за убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак. Бизнисменот Маријан Кочнер е прогласен за виновен за нелегално поседување оружје, но судот оцени дека нема докази оти тој го наложил и платил убиството на Куцијак, како што тврдеше обвинението.

Исто и за Алина Жужова не постојат доволно докази кои би ја потврдиле нејзината организација на убиството на Куцијак по налог на Кочнер, одлучи судот. Обвинителството може да вложи жалба на судската одлука.

Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова беа застрелани пред нивната куќа на 21 февруари 2018 година. Убијците, екс-војникот Мирослав Марчек и уште еден негов сочучесник, веќе го признаа делото. Марчек за него беше осуден во април на 23 години затворска казна.  

Повеќе:

Убиениот Куцијак требало да исчезне

Убиството на Јан Куциак: Што знаеше државата?

Словачка - земја со „мафијашки структури“?

Убиството на Јан Куцијак - црното досие на Словачка

Куцијак ги истражувал врските меѓу италијанската мафија Ндрангета и словачки политичари, како и сомнителните бизниси на бројните фирми на Кочнер. Постхумното објавување на неговите текстови предизвика масовни демонстрации против владата во Братислава и крајно водеше до оставка на тогашниот премиер Роберт Фицо. Протестите освен тоа го отворија патот и за избор на правничката и анти-корупционерска активистка Зузана Чапутова за претседателка на државата.

    

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми