1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенечката влада пред распад

ЕМФ/дв/бета26 април 2014

Словенечката премиерка Аленка Братушек ја загуби борбата за моќ во својата партија. На Словенија ѝ претстојат турбулентни времиња, кои водат најверојатно кон нови избори, предвидуваат набљудувачите.

Фотографија: Reuters

Словенечката премиерка Аленка Братушек веќе не е лидер на својата партија „Позитивна Словенија“. На вонредниот партиски конгрес таа доби 338 од 760 гласови. Оттука, за нов лидер е избран основачот на партијата и градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој на своето конто има 472 гласа. Братушек пред конгресот најави дека ќе се повлече од функцијата премиер по само 13 месеци доколку нејзината партија не ѝ даде доверба.

Коалиционите партнери во владата уште пред неколку недели најавија дека во случај Јанковиќ да победи на изборот за лидер на „Позитивна Словенија“, нема да останат во коалицијата. Јанковиќ ја водеше партијата до изборна победа во декември 2011 година, но кусо потоа мораше да ѝ го отстапи лидерското место на Братушек по обвинувањата за корупција на негова адреса. На Братушек ѝ успеа да спречи банкрот на Словенија. Со помош на приватизации, строга програма на штедење и реформи, како и финансиски инјекции за разнишаните банки, Братушек успеа да избегне барање засолниште под финансиски меѓународен чадор за спас.

Набљудувачите во наредниот период предвидуваат оставка на Братушек, вонредни парламентарни избори кои не би биле одржани пред есента и политичка криза во Словенија. Се проценува дека може да се случи и поделба на партијата „Позитивна Словенија“, која наспроти повиците за единство покажа поделеност, што ќе има одраз и на пратеничката група на партијата во парламентот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми