1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија го презема кормилото на ЕУ

31 декември 2007

Од први јануари Словенија го презема претседавањето со ЕУ.За малата земја ова е историски проект со многу предизвици,меѓу другото околу иднината на кризната покраина Косово.

Љубљана,главниот град на СловенијаФотографија: AP
Не случајно претседавачкото лого на Словенија е еден стилизиран дабов лист,шеесет проценти од земјата,која се протега од Алпите до Средоземјето,се покриени со шума. Словенија е позната по своето невообичаено богатство на разни водиви птици.Многу од нив овде прават починка.На шега,Словенците велат дека половина од малата држава лежи под земјата,во големите порозни пештери.Тука живее едно чудно животно,човечка рипка,розева по боја,која наликува на мини змев.Словенија сака во следните шест месеци на Европа да и ги приближи своите туристички атракции.Но не само нив.Министерот за надворешни работи Димитри Рупел објаснува зошто е важно словенското претседателство со Унијата за малата држава,која стана независна пред 16 години: "Словенија е првата нова земја членка која го презема претседавањето.За нас тоа е историски проект.Ние не сме извежбани во такви проекти и затоа сакаме особено да се потрудиме.“ Птиците ќе ги слушаат и европските министри при средбите во Словенија.Зашто,сите министерски средби поради заштеда ќе бидат одржувани во еден природен парк.Тамошниот луксузен хотел порано беше резиденција на југословенскиот претседател Тито.Една од најмалите земји во ЕУ со два милиони жители позајми дипломати од Франција за организирање на околу илјада претстојни конференции.Најважна тема ќе биде секако независноста на Косово и приближувањето на Србија и другите балкански држави кон ЕУ,вели словенечкиот министер Рупел: "Ние во Словенија веруваме дека е крајно време да заврши југословенската криза.Таа започна во 1981 година со нападот на претседателот Милошевиќ врз Словенија.Веруваме дека решението е прием на западен Балкан во ЕУ,нејзино проширување според заклучоците од Солун во 2003 година.“ Во Солун ЕУ им вети прием на сите балкански држави.Димитри Рупел смета дека до крајот на словенечкото претседателство со Унијата,во јули,Косово ќе биде независна држава,а Србија ќе може да ги започне преговорите за прием во ЕУ.Веќе во јануари министрите за надворешни работи од ЕУ сакат да испратат околу 2 илјади полицајци,правници и службеници во мисијата во Косово.Пред се Кипар се противи на независноста на покраината,кое сега е под управа на ОН,а и припаѓа на Србија.Шефот на словенечката дипломатија е уверен дека ЕУ на крај ќе сеусогласи околу заедничка линија: „Дозволете да ве уверам дека Словенија ќе се обиде да ги убеди Кипар и другите дека Косово е посебен случај.Сакаме да постгнеме единство и ќе се бориме за тоа.“ Освен Балкан,главна тема на словенечкото претседателство ќе биде Јужна Америка,самитот на ЕУ и јужноамериканските држави еќе биде во мај во Лима,вели Рупел.

►◄

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми