Зошто сѐ повеќе луѓе намерно се заразуваат со коронавирусот?
СН/агенции
12 април 2021
Здравствените власти во Словенија предупредуваат од опасен тренд во земјата: Сѐ повеќе граѓани намерно се инфицираат со коронавирусот. Која е причината?
Реклама
Во Словенија властите се згрижени поради опасната појава на намерно инфицирање со коронавирусот со цел полесно движење и патување, со оглед на тоа дека прележувањето на Ковид-19 се третира како и имунитетот стекнат со вакцинирање.
„Забележуваме тренд на зголемување на бројката на оние кои сакаат што побрзо да се заразат за да добијат потврда која ќе им овозможи полесни патувања и преминување на границите, што е опасна пракса која никако не можеме да ја препорачаме“, изјави денеска на прес-конферениција епидемиологот Матеја Логар, која го води владиниот стручен совет за Ковид-19.
Таа, како што пренесува новинската агенцијата Хина, нагласила оти поради тоа, како и поради зголемениот број на случај со „мамење“ на тестовите за коронавирусот, се размислува за рестрикции односно за промена на правилата за патување.
Логар наведува дека меѓу останатото се размислува и за тоа оние кои заздравеле од Ковид-19 да се симнат од листата на исклучоци за тестирање за време на преминување на границите, но дури во фазата кога вакцината за имунизација ќе биде доволна за поголемиот дел од популацијата.
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Коронавирусот ја доведе глобалната индустрија за патувања во ќорсокак. И покрај ограничувањата, некои патници повторно ги пакуваат куферите и се упатуваат кон региони кои ветуваат безбедност и одмор од Ковид.
Фотографија: Nikolai Okhitin/Zoonar/picture alliance
Исланд
Островот во Северен Атлантик со своите водопади, вулкани и глечери е подготвен за туристите. Љубителите на природата и авантуристите можат да патуваат таму во согласност со прописите за коронавирусот. Исланд е една од ретките земји во Европа која дозволува влез за вакцинирани лица и лица кои се опоравиле од од Ковид-19, без потреба од тестирање и карантин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Trumpf
Ла Палма, Шпанија
Канарскиот остров Ла Палма е речиси без заболени со коронавирусот. Туристите кои патуваат од Германија теоретски можат да влезат со негативен ПЦР тест, но во моментов нема многу летови за Ла Палма, бидејќи е дел од Шпанија, која е земја со висок ризик. Хотелиерите и агентите за изнајмување недвижности се надеваат дека состојбата ќе се подобри од март.
Ограничувањата за патување во Занзибар беа укинати уште во јуни 2020 година. Патниците од повеќето земји можат да влезат без ПЦР-тест, формулар за влез или карантин. На островот, кој ѝ припаѓа на Танзанија, нема ограничувања, рестораните се отворени, а се одржуваат забави и концерти. На крајот на март, Луфтханза за првпат планира да понуди директни летови до островот на задоволствата.
Фотографија: picture alliance / blickwinkel/M
Руанда
Туристите ја посетуваат Руанда за да видат планински горили. При влегување мора да се покаже негативен ПЦР-тест и да се направи дополнителен тест локално. По седум дена во карантин на туристите им е дозволено да одат на сафари и да ги видат горилите под строги хигиенски услови. Мерките на претпазливост се покажаа ефикасни. Германија никогаш ја нема ставено Руанда на листата на ризични области.
Фотографија: Felipe Dana/AP Photo/picture alliance
Сејшели
Архипелагот крај источниот брег на Африка мами со белите песочни плажи, тиркизно синото море и со бујните палми. Од јануари, секој може да влезе во земјата ако има сертификат за вакцинација против Ковид-19 и со негативен ПЦР- тест направен во рок од 72 часа. Нема потреба од карантин. Одморот може да започне веднаш. Сепак, бидејќи Сејшели се ризична област, повратниците мора да одат во карантин.
Островската земја во Индискиот Океан бележи зголемување на стапката на инфекции од декември и се смета за ризична област. Според правилата од јули 2020, туристите можат да влезат со негативен тест, но нивниот престој останува ограничен на однапред резервирано одморалиште. Со оглед на луксузните објекти во хотелските комплекси, туристите се прилично подготвени да ги прифатат овие ограничувања.
Фотографија: Sergi Reboredo/picture alliance
Тајланд
Ниските стапки на инфекција значат дека патувањето во Тајланд не е забрането тукусамо не се препорачува. По пристигнувањето и на сопствен трошок, патниците мора да поминат строг карантин во траење од 14 дена во објект за изолација (обично хотел) кој е одобрен од владата и да направат неколку тестови за Ковид-19. Само тогаш тие можат слободно да се движат во земјата.
Работа на вашиот лаптоп пред да скокнете во базен, или обратно? Ако не можете да престанете да работите, можете да „работите од дома“ во далечните земји. Туристичките агенции во неколку земји, како на холандскиот карипски остров Аруба (на сликата) ја препознаа можноста и нудат опции за работа и одмор за туристите. И тука, се разбира, мора да се внимава на актуелните корона-рестрикции.
Дубаи до декември, се сметаше за место без Ковид-19, но од 24 јануар се смета за област со висок ризик. Емиратот донесе влијателни инфлуенсери и познати личности во земјата, а туристите ги следеа, откако сликите на безгрижни забави крај базен го обиколија целиот свет. Сега баровите и пабовите се затворени, ограничувањата се применуваат во трговските центри и во рестораните.
Фотографија: Udo Bernhart/dpa/picture alliance
Туристички крстосувања
Индустријата за туристичко крстосување ги врбува муштериите со тоа што нуди најголема можна безбедност. Ова значи пониски стапки на посетеност на пловните објекти, физичка дистанца на бродот, задолжително носење маски, дневни проверки на температурата, контролирани екскурзии на брегот... Но, оваа релаксација доаѓа со ограничувања, бидејќи коронавирусот исто така знае како да патува.
Фотографија: Jens Büttner/picture-alliance/dpa
10 фотографии1 | 10
На опасноста за намерно изложување на вирусот предупредува и инфектологот Томаж Зовко од љубљанскиот УКЦ. „За оваа болест сѐ уште не знаеме многу. Таа е непредвидлива и може да има трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици има болеста особено за помладите пациенти, иако кај некои тие се многу непријатни“, предупреди тој.
Зовко истакнува дека неспоредливо побезбедно е да се спречи инфицирањето и болеста и да се вакцинира, отколку да се заразува и да се смета оти на тој начин ќе се стекне имунитет. Освен тоа, сите кои можеби намерно се инфицираат во контакт со другите луѓе со тоа ризикуваат и потежок тек на болеста, затоа мора да се постапува одговорно за лична и заштита на другите“, предупреди тој.
Совети за подобро здравје и расположение во пандемијата
Стресот е постојан придружник на современото живеење. Короната дополнително ја влоши состојбата. Што да се направи за да се остане здрав и во добра форма? Спортување, работа во градина, читање... и уште по нешто.
Кој е новиот омилен спорт на Германците? Пешачење! Студијата на еден здравствен фонд покажува дека 43% од Германците по почетокот на пандемијата одат почесто на пешачење отколку пред тоа. Полека или со побрзо темпо? Сѐ е добро кога сте опкружени со природа, кога гледате зеленило, вода, полиња, шума, море...
Базените, фитнес студијата и другите сали за вежбање се затворени поради пандемијата. Но, тоа не смее да биде изговор. Јога или пилатес во дневна соба, велосипедска тура или трчање во парк - телесната активност им годи на срцето и циркулацијата. Како алтернатива се можни и невообичаени активности, на пример жонглирање или одење по јаже. Сето тоа е можно да се прави на доволно растојание.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Warnack
Виртуелни патувања
Во време на корона не може да се патува како порано. Притоа, одморот од секојдневието е важен за телесната и душевната благосостојба. Има начин да се патува без да се изложувате на ризик, седејќи на каучот дома, и тоа со помош на големиот број апликации за патување со виртуелни очила. Ако не може да се патува вистински, може барем виртуелно.
Фотографија: Colourbox/L. Dolgachov
Добра книга
Многумина во време на корона имаат повеќе слободно време, затоа што работат со скратено работно време, или затоа што не мора да патуваат до работното место. Според анализа на институтот за истражување на пазарот ГфК, направена по повод Франкфуртскиот саем на книгата 2020, 13% од испитаниците многу почесто посегнуваат по книга отколку пред пандемијата. Добрата книга го намалува стресот и релаксира.
Полни шкафови, преполни подруми, полици со книги кои само што не се урнале од тежина... Кому не му се познати барем дел од овие работи? Расчистувањето може да придонесе да се чувствувате подобро. Дури и науката одамна има утврдено дека ослободувањето од старите работи создава нова енергија и ѝ чини добро на душата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch
Вкусна храна
Рестораните се затворени во време на локдаун. Со оглед на тоа што многу луѓе седат дома, во Германија сега се готви многу повеќе отколку порано. Наместо брза храна, на менито во многу домови има јадења подготвени со многу љубов од членовите на семејството. Статистиката покажува дека добро оди и бизнисот со т.н. кутии за готвење, во кои се ставени рецепт и состојките кои се потребни за него.
Фотографија: Fotolia/MK-Photo
Градинарство
Садење, полевање, берба - градинарството релаксира дури и кога се нема многу смисла за работа со растенија. И, сеедно е дали се има градина или балкон. „Градинарството и растенијата имаат релаксирачко влијание врз процесите на здравеење и ориентација во животот“, објаснува хамбуршкиот терапевт Роланд Штраус на својата веб-страница.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Медитација против стрес
Работа, фамилија, домашни задачи - честопати имаме толку многу обврски, што „не знаеме каде ни е главата“. Но, има начин за опуштање: различни истражувања покажуваат дека медитацијата ни дава поддршка за подобро да излеземе на крај со стресот. Оној кој го релаксира дишењето и духот, тој го опушта и телото, а од тоа профитираат, меѓу другото, и срцето и циркулацијата.