1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија и еврото

4 јануари 2007

Со почетокот на годинава, Словенија стана 13-тата членка на зоната на еврото. Со дво-милионската земја, зоната на еврото порасна на вкупно 316,6 милиони луѓе. Првите часови од преминот од досегашната национална валута толарот кон еврото, минаа без проблеми. Толарот ќе биде прифаќан како платежно средство до 15 јануари, по што исклучиво ќе важи европската валута. За првите искуства што ги имаат словенечките граѓ

И банковните автомати без проблеми се префрлени на еврото
И банковните автомати без проблеми се префрлени на евротоФотографија: AP

�и со еврото, известува Јерг Пас.

„Порано имавме југословенски динар, но фала му на бога во меѓувреме тој е историја. Толарот беше добар и силен. Се надевам дека еврото ќе биде малку посилно„, вели еден постар господин пиејќи еспресо.

Словенците 15 години плаќаа со толар воведен непсоредно по независноста од Југославија. Не е ли малку комично сега повторно да се добијат нови пари:

„Некои луѓе се одушевени, други скептични, а најголемиот број трезвени како мене: има нова валута и точка. Можеби ќе пораснат цените, меѓутоа тоа не мора да има врска со еврото„.

Една жена продава риби. Воопшто не забележала дали цените растат:

„Не, досега ништо не стана поскапо. Но, да причекаме„.

А, дали веќе се навикнала на новите банкноти и ситните метални пари:

„Да, оди како што треба. Се плашам само од тоа што муштериите во првите две недели ќе можат да плаќаат во двете валути, со толари и евра. Се надевам дека нема да згрешам„.

Ново и невообичаено еврото е и за студентката Рената од чешкиот град Брин. Минува семетар како гостинка на универзитетот во Љубљана. Во нејзината земја еврото нема толку бргу да биде воведено:

„Не сум тажна што ја задржавме чешката круна. Се сомневам дека за нас би било добро уште сега да имаме евро. Нам во Чешка ни треба уште време. Вакво нешто не се прави толку бргу„.

Под еден чадор седат продавчката Сандра и нејзините пријателки и пресметуваат колку треба да платат за чајот:

Чаша чај за 300 толари, е точно евро и 25 центи. Таму каде што се запишани, цените се со двете валути. Инаку мора да се пресметува напамет:

„За нас помладите не е проблем, можеби за постарите. Но, кога би добиле џебен пресметувач, тогаш би било многу едноставно„.

Другата девојка дополнува:

„Ние се радуваме на еврото. Кога сега ќе патуваме во странство, нема да мора да менуваме пари„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми