1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија и Хрватска одговорија за спорот околу границата

ЕМФ/миа/фена12 ноември 2013

Словенија и Хрватска на последниот ден од рокот (11.11) ги испратија до Арбитражниот суд во Хаг своите одговори на аргументите од другата страна, кои се однесуваат на спорните делови од границата меѓу двете држави.

Сведочењето на двете страни пред судот во Хаг е предвидено за мај и јуни следната година, а релевантна одлука треба да биде донесена во првата половина од 2015 година. Главна ставка во спорот меѓу Словенија и Хрватска, кој постои уште од 1991 година, е словенечката територијална врска со отвореното море. Словенија тврди дека отсекогаш имала пристап до меѓународните води, што ја вбројува во поморски држави. По серијата неуспешни обиди овој спор да се реши билатерално, како и со помош на ЕУ, Љубљана и Загреб одлучија да го изнесат проблемот пред меѓународна арбитража.

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец пред една недела изјави дека стручњаците за меѓународно право што ги ангажирало неговото миистерство сметаат дека аргументите на Љубљана се силни, па затоа со оптимизам ја очекува пресудата на арбитражниот суд за граничниот спор.

„Можеме да очекуваме пресуда во согласност со нашите очекувања. За Словенија е важно како поморска држава да има пристап до отворено море“, рече Ерјавец.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми