Словенија ја поддржува Македонија
22 јуни 2007Реклама
Македонија ја има поддршката од Словенија во остварувањето на европската перспектива.Настојувањето во секој случај ќе зависи од заклучоците на актуелниот самит на ЕУ во Брисел и решенијата за институционалната иднина на Унијата.Ова го изјави синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша на средбата со својот македонски колега по функција Никола Груевски на заседанието на Европските народни партии во Брисел.
Словенија најави дека во текот на своето претседавање со Унијата,ќе се залага Македонија да ги започне преговорите за пристап кон ЕУ.