1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сложени односи меѓу Барак Обама и католиците

10 јули 2009

По самитот на Г8 во италијанскиот град Лаквила, американскиот претседател Барак Обама (10.07.2009) во Ватикан ќе биде примен од папата Бенедикт Шеснаесетти. Меѓу Обама и католичката црква постојат сложени односи.

Барак ОбамаФотографија: AP

Абортусот, истражувањето со матични клетки, брак на истополови партнери, ова се постојано спорни теми меѓу американскиот претседател и католичката црква. Џон МекМилан е католик и секоја недела оди во црква во својот роден град Сент Луис, во сојузната американска држава Мисури. На прашањето што му пречи најмногу во политиката на Барак Обама, не размислува долго: „Во основа сум против абортус, и тоа без исклучоци, ако е во прашање живот, тогаш е живот“, смета 56 годишниот човек.

Барак Обама сака на жените да им овозможи да абортираат, како никој негов претходник досега, го обвинуваат неговите противници од евангелистичката, но и од католичката црква. Абортусот треба да биде забранет со закон, бараат многумина Американци. Доделувањето на почесната докторска титула на Барак Обама на католичкиот елитен универзитет Нотр Дам во мај беше следено со жестоки демонстрации. Малцинска фундаменталистичка група се наметнуваше, како да го застапува мнозинството на црковните членови. Но, вусшност мнозинството студенти и доценти го поздравија Обама со френетичен аплауз. Претседателот во својот говор за темата абортус констатираше: „Можеби нема да бидеме единствени околу проблематиката за абортусот, но сигурно сме сложни во мислењето дека за една жена одлуката за прекин на бременоста е многу тешка. Да направиме заеднички нешто за да го намалиме бројот на жените кои сакаат да абортираат.“

Умешност да се потенцира заедништвото

Ватикан: не постои единство со Обама во некои прашањаФотографија: AP

Како и за многу други работи, на Обама му успеа во преден план да ги стави заедничките нешта. Веднаш следеше и предлог за законодавецот за темата абортус, на пример можност за законско олеснување на посвојувањето.

Многу Американци имат различно мислење од американскиот претседател за абортусот, истражувањето со матични клетки и хомосексуалните бракови. Но, еден претседател не смее да биде оценуван според одделни теми, вели голем дел од католиците. Меѓу нив и Барак Обама постои заедништво во повеќе области, на пример за надворешната и безбедносната политика. 21-годишниот студент Мат вели: „Тој е против војната во Ирак, сака пробив во политиката за климата, сака здравствено осигурување за сите, тоа се важни теми во кои се согласуваме.“

Натамошна согласност меѓу католичката црква и Барак Обама има во меѓународните прашања, како за Блискиот Исток и Африка. А американските католици на изборите на 4 ноември 2008 во големо мнозинство, 54 проценти, гласаа за Обама како претседател. За него тоа беше важно, зашто 25 проценти од Американците се католици, тие се најголемата религиозна заедница во САД.


Автор: Клаус Кастан/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми