1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случајот „Монструм“ пред Апелацискиот суд

сн/макфакс6 јули 2015

На јавна седница, во понеделник, Апелацискиот суд во Скопје ќе ги разгледува жалбите на осудените на доживотен затвор од случајот „Монструм“, но и на обвинителот кој се жали на едната ослободителна пресуда.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

По повеќе од една година од изрекувањето на пресудата за петкратното убиство кај Смилковското езеро, случајот „Монструм“, петчлен Судски совет на Апелацискиот суд на јавна седница ќе ја препрочита пресудата која беше донесена на 30 јуни минатата година, а со која шестмина обвинети за масакрот кај Смилковското езеро беа осудени на доживотен затвор.

„Колку што ми е мене познато, Судот ќе разгледува четири жалби поднесени од одбраната, а јас како бранител на двајца обвинети кои беа осудени во нивно отсуство вложив жалба и за нив. Лично сметам дека овој случај ќе добие сосема поинаков тек“, вели во изјава за медиумите скопскиот адвокат Насер Рауфи.

На рочиштето закажано за денеска ќе биде разгледана и жалбата поднесена од јавниот обвинител кој бара осудителна пресуда за обвинетиот Сејди Рами кој, поради недостаток на докази, беше ослободен од вина.

Маскарот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на христијанскиот верски празник Велипеток. Стрелано е во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45). Обвинителството ги обвини Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди, а Хаки Азири беше обвинет за помагање по извршено дело тероризам.

По првостепената пресуда беа изречени шест казни доживотен затвор и една ослободителна пресуда, но незадоволство од текот на судењето и од висината на изречените затворски казни се прелеа на улиците, па роднини и пријатели на осудените со денови протестираа пред Основниот суд Скопје 1, а некои од демонстрантите, поради насилство, завршија в затвор.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми