1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случај Еуростандард: Почнува обесштетувањето

Костадин Делимитов
15 септември 2020

Исплатата на 68,3 милиони евра е само почеток на тешкиот процес за расчистување на проблемот со стечајот на банката. Допрва претстои тешка битка за уште најмалку двојно повеќе заглавени пари на физички и на правни лица.

Eurostandard Bank in Skopje Nord-Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Уште денеска одам пред шалтер за да си ги вратам парите и не знам дали некогаш воопшто повтроно би ставила пари во банка“.

Оваа изјава на младата скопјанка Елена отсликува колкав е стресот и шокот што им го приреди стечајот, односно пропаѓањето на Еуростандард банката. Таа е една од стотиците штедачи, на кои парите им останаа заглавени по одлуката на Народната банка да отвори стечајна постапка. Од денеска тие ќе навалат во деловните банки за да ја почнат процедурата за враќање на нивните пари. Фондот за осигурување на депозити ќе ги обесштети, односно ќе им ги врати парите на сите оние кои имаат во банката до 30 илјади евра. Така утврдува законот, за останатите, кои имаат поголема сума, парите ќе ги побаруваат преку стечајната маса. Елена има среќа што може да си ги поврати сите пари кои ги штедела за подобра иднина.

„Среќа во несреќа би рекла. Но шокот што го преживувам е огромен. Не можам ни да замислам што ќе правев ако парите ми пропаднеа. Не можам да зборувам за висината на депозитот, за некого можеби тоа е малку, но за мене тие пари се животот. Се надевам дека целата процедура ќе помине во најдобар ред и парите бргу ќе си ги добијам“, вели таа. 

Шок и револт кај оштетените

За дел од штедачите почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ е сепак мала утеха, ако се знае дека тоа покрива само 30 илјади евра, колку што е утврден максималниот законски износ. Околу 800 физички лица се во паника бидејќи во банката чувале поголема сума на пари. Шокот за нив е огромен, но исто така и револтот: 

Фотографија: DW/P. Stojanovski

„ Направена е голема неправда. Луѓето се недолжни заглавени, едноставно верувале во системот, а биле доведени во заблуда. Постојано слушавме, а и сега слушаме дека банкарскиот систем бил стабилен. А сведоци сме дека пропадна банка и тоа не мала, туку со средна големина. Некои знаеле и си ги повлекоа на време парите, ама огромен број недолжни луѓе се заглавени, а за фирмите и да не зборуваме. За нив нема никакво обесштетување. Постои голема вознемиреност кај луѓето, сведоци сме на тешки човечки судбини, трауматични случаи и тоа не само на оние  што штеделе, туку и оние кои само преку банката вршеле трансакција, продале имот и парите сега им останале заглавени“, реагираат од Здружението на оштетените штедачи во банката.

Државата да помогне

За да се реши проблемот, тие бараат помош од државата. Оствариле и средба со премиерот на кого му претставиле и конкретен план:

„Бевме кај премиерот Зоран Заев и кај вицепремиерот Фатмир Битиќи. Не примија и разговаравме, нашето барање е државата да не заштити за да не влеземе во еден вртлог со стечајот кој не знаеме кога и дали воопшто ќе заврши. Да не обесштети државата со закон, на начин на кој може да се договори, а потоа државата да си наплати од стечајната маса. Тоа би било „вин вин“ случај. Државата тоа би можела да го поднесе и да ги заштити заглавените луѓе и фирми за да нема трагедии. Добро е што беше искажана воља за такво нешто, но само толку. Сега сме во процес на разговори со парламентарните групи околу проблемот. Ние не бараме милостина, не бараме субвенции кои се неповратна помош, туку едноставно да ни се вратат нашите пари. Државата да ни излезе во прeсрет, а потоа таа да си ги наплати од стечајната маса“, објаснуваат од здружението.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Истрага за криминал и злоупотреби

Во очекување на првото рочиште за стечајот, се множат и шпекулациите околу вистинската сума на заглавени пари во банката. Според некои проценки, целиот скандал тежи околу 200 милиони евра. Надлежните засега не изнесуваат конкретни податоци. За оштетените е многу важно да се спречат и натамошни малверзации со имотот но и финансиските средства кои и натаму стојат во банката:

„Знаеме дека во банката има сериозни пари и оттука ни е и стравот затоа што таму се правени злоупотреби, криминал или непостапување по службена должност и тоа со години. Тоа е правено од страна на луѓе на одговорни позиции, вклучително и од сопственикот кој бил претседател на Надзорен одбор и од кого слушнавме дека и самиот признава одговорност. Тие луѓе давале кредити во милионски износи со несоодветни хипотеки. И тоа траело со години и никој не реагирал со време, напротив сите порачуваат дека банкарскиот систем е стабилен, дури и Народната банка. Од сите тие причини бараме да има истрага и одговорност“, реагираат од здружението.  

Фотографија: DW/E. Milosevska Fidanoska

Официјално, од надлежните нема детали дали и до каде е истрагата за случајот. Неофицијално, истражните органи веќе интензивно работат и го чешлаат работењето во банката. Да се направи истрага за целиот случај, вклучително и за постапката на Народната банка  повика и сопственикот, бизнисменот Трифун Костовски. Тој дури и јавно повика до сите политички фактори во државата да реагираат и да помогнат за да се исправи неправдата која според него и била направена на банката. Костовски признава дека банката „кубурела“ со капитал, но акционерите барале стратешки партнер кој го донеле но Народната банка го одбил. Тој инсистира на брз стечај, во спротивно се сомнева дека сите кои штеделе во банката ќе бидат обесштетни.

Од Народната банка пак порачаа дека дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ била укината заради несолвентност, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

„Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми