1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Запленет имотот на Мијалков и уделите во хотел Мериот

ДТЗ
15 април 2022

Замрзнати се апартмани и гаражи во Скопје со површина од над 800 квадратни метри, акции и удели во повеќе фирми.

Nord-Mazedonien Saso Mijalkov
Фотографија: P.Stojanovski/DW

Обвинителството за организиран криминал и корупција замрзна голем имот на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Замрзнати се уделите во познатиот скопски хотел Мериот, како и апартмани и гаражи во Скопје со површина од над 800 квадратни метри. Обвинителката Лиле Стефановска доставила шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот, со кои се замрзнуваат и акции и удели во повеќе фирми коишто го имал Мијалков. 

„Барањата се резултат на постоење на основано сомневање дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање“, соопшти Обвинителството.

Од прибраниот доказен материјал произлегло дека овој имот бил пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик. Со одлука на судија на претходна постапка, се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Запленувањето не е конечно.

Кој имот се запленува

На предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е определена мерка забрана за оттуѓување и располагање со:
– удел на Дивелоп Груп ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје
– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во Дивелоп Груп ДОО Скопје
– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје во Дивелоп Груп ДОО Скопје;
– недвижен имот на Бизнис Проперти инвестмент ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500 денари и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2.
– хартии од вредност (7213 акции) што ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје  ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и
– деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија на СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.

Имотот кој е запленет, бил пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик, соопшти Обвинителството.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Привремените мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот, согласно закон, може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност.

„Привремените мерки стапија во сила веднаш и заплената на имотот е прибележана во Централниот регистар и Агенцијата за катастар на недвижности - Скопје“, информира Обвинителството. 

Случајот „Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, и со него се опфатени Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа и други, коишто се осомничени за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

СЈО преслушува 606.555 аудио фајлови

00:55

This browser does not support the video element.

-повеќе на темата: САД ги ставија Груевски и Мијалков на црна листа

Ваквата мерка на обвинителството доаѓа само неколку дена откако Американското министерство за финансии ја прошири црната листа, на која се најдоа имињата на поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков. Американската влада во образложението за Груевски и за Мијалков наведува дека се одлучила на ваков чеков како одговор на нивната вмешаност во значителна корупција. Нивните постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушиле довербата на јавноста во владите. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми